Автор: Редакција
Американското Министерство за правда објави нови документи од истражните досиеја за Џефри Епштајн, а според заменик-јавниот обвинител Тод Бланш, ќе бидат објавени повеќе од 3 милиони страници документи, над 2.000 видеа и околу 180.000 фотографии, пренесува Асошиејтед Прес. Во декември, Министерството беше критикувано поради малиот број објавени документи, но властите тогаш соопштија дека е потребно дополнително време за проверка и заштита на идентитетите на жртвите. Во новообјавените материјали има документи за контактите на Епштајн со голем број познати личности, меѓу кои и поранешниот британски принц Ендру, Доналд Трамп, поранешниот претседател Бил Клинтон, милијардерот Илон Маск, бизнисменот Хауард Лутник и други…
Над 300 протести се очекува да се одржат денеска низ сите 50 сојузни држави на САД и во Вашингтон, како дел од националната акција „ICE Out of Everywhere“, објави Гардијан. Протестите ги организира движењето „50501“ и се реакција на повеќе убиства извршени од федерални агенти на Службата за имиграција и царина. Демонстрантите велат дека овие случаи укажуваат на прекумерна употреба на сила, злоупотреби во притворските центри и милитаризација на имиграциското спроведување на законот. Најавени се маршеви и протести пред притворски центри, канцеларии на Службата за имиграција и царина и аеродроми. Учесниците бараат правна одговорност за агентите вклучени во смртните случаи…
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека од утре (01.02.2026) започнува со функционирање системот „Безбеден град“. Системот ќе стартува на територија на градовите Скопје, Куманово и Тетово, како и на Коридорите 8 и 10 со што ќе започне со санкционирање на граѓаните кои направиле прекршок детектиран од камерите. Во првата фаза системот ќе детектира четири типични сообраќајни прекршоци: • непрописно паркирање; • управување со брзина поголема од пропишаната; • минување на црвено светло; • управување на возило со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола. „Системот „Безбеден град“ е исклучително важна инвестиција во безбедноста на сите граѓани и целата…
Грчкиот филм „Што ако“ (What If) во режија на Христофорос Папакаљатис, ќе биде прикажан вечер во 20 часот во Кинотека.Прикажувањето на филмот е дел од тековната серија проекции на грчки филмови на Амбасадата на Грција, со наслов „Ајде да се запознаеме“, иницијатива која има цел да ја приближи публиката до современата грчка кинематографија.Филмот „Што ако“ е трогателна романтична драма од креаторот на светски признатата серија на „Нетфликс“ – Маестро во сина. Дејството на филмот се одвива во Атина во периодот на економската криза и ја следува приказната на Димитрис, 33-годишен ерген, кој живее навидум обичен живот. Една вечер, кога неговото…
Еден ден не дели до финалето на Европското првенство, а таму ќе се сретнат Данска и Германија, мечот се игра утре со почеток во 18 часот во „Јиске Банк Боксен“ Арената.Матијас Гидсел после осум одиграни мечеви има 61 гол, оваа бројка ја постигна и најдобриот португалски репрезентативец, Франциско Кошта. Двајцата ракометари го израмнија рекордот на Кирил Лазаров од 2012 година со тоа што лидерот на Данска може да влезе во историјата на Европските првенства.На Гидсел му недостигаат уште четири гола за да се израмни со Сандер Сагосен, кој во 2020 година постигна 65 гола, но ќе има шанса да стане најдобар…
Никола Јокиќ се врати на паркетот по едномесечна пауза поради повреда на коленото и веднаш покажа зошто е трикратен МВП на НБА лигата. Во повратничкиот натпревар против ЛА Клиперс, и покрај ограничената минутажа, српскиот центар ги предводеше своите Денвер Нагетс до победа од 122:109. За само 25 минути игра забележа 31 поен, 12 скока и пет асистенции. Практично тој испиша историја бидејќи никој за толку кратко време немал ваков учинок.Јокиќ пропушти 16 натпревари откако на 29 декември мораше да го напушти теренот во дуелот против Мајами Хит. Се повреди кога соиграчот Спенсер Џонс случајно му згазна на левото стапало, по…
„Се работи за документ од 19 страни, којшто целосно ги опфаќа новите правила на Шенген зоната и таму има еден клучен збор, баш во овој дел којшто го издвоив на мојата објава, каде што возачите на камиони односно транспортерите се прифаќаат како професионалци, со останатите категории коишто се наведени тука, како спортисти, уметнции…што е првпат да ЕУ на тој начин го реши проблемот. Во суштина тоа беше и еден од начините да се излезе од проблемот, затоа што транспортерите кога ги почнаа протестите бараа да се почне дијалог со кој ќе се реши проблемот. Се понудија три решенија и ова…
Снуп Дог застана во одбрана на Дејвид Бекам и Викторија Бекам, откако нивниот син Бруклин Бекам јавно ги нападна родителите и порача дека не сака помирување со нив. Во интервју за „Мирор“, Снуп Дог, кој повеќе од 20 години е пријател со Дејвид Бекам, изјави дека тој е „семеен човек“ и дека без оглед на успехот, ништо не му е поважно од семејството. Тој додаде дека се надева оти Бруклин со текот на времето ќе се помири со родителите, за кои рече дека се длабоко погодени. Снуп Дог нагласи дека ниту едно семејство не е совршено и дека притисокот е…
Почина Кетрин О’Хара, легендарна актерка и ѕвезда на серијата Schitt’s Creek и култните филмови Бубимир и Сам дома. Имала 71 година, а веста ја потврдила нејзината менаџерка, пренесе „Пипл“. Засега не се соопштени дополнителни детали.О’Хара е родена во Торонто во 1954 година и кариерата ја започнала во легендарниот комичарски театар Second City, а потоа стекнала голема популарност со телевизиската емисија SCTV, за која освоила и награда „Еми“.Филмската публика ја памети по улогите во Бубимир, Сам дома и Сам дома 2, како и по бројни филмови на режисерот Кристофер Гест. Глобална популарност доживеа со улогата на Моура Роуз во Schitt’s Creek,…
На 58-годишна возраст денеска во Скопје почина поетот и преведувач Тихомир Јанчовски.Веста за неговото прерано заминување ја соопшти Друштво на писателите на Македонија, изразувајќи длабоко жалење за загубата на еден од најзначајните современи македонски автори и педагози.Од Друштвото информираат дека за точниот датум и час за испраќање последен поздрав ќе следи дополнително известување.Јанчовски беше поет, писател, преведувач, професор, музичар, издавач, автор на над триесет книги, пред сè поезија, преводи и (поетски) романи, како и една книга историја („Историја на православното монаштво на територијата на денешна Република Македонија“, Сигмапрес, Скопје, 2010).Избори од неговата поезија се преведувани и објавувани во различни литературни…
