Автор: Редакција
Европската Унија предлага нова агенција наречена „Европски центар за демократска отпорност“ за борба против нападите со странски дезинформации од Русија, според работен нацрт-документ на Европскиот штит за демократија, пренесува Еурактив. Иницијативата „Штит за демократија“, која Комисијата ја претстави на 12 ноември, има за цел да се справи со хибридните напади со дезинформации од странски актери како што е Русија, со посебен фокус на нудење поддршка за време на избори. Новиот центар се претставува како „посветен центар“ за поттикнување на соработката меѓу самата ЕУ и земјите за одбрана од напади што користат повеќе техники и онлајн канали за да го засилат…
Шакира беше главна ѕвезда на светската премиера на Zootopia 2 во Холивуд синоќа, а особено внимание привлече кога пристигна во придружба на своите синови, 12-годишниот Милан и 10-годишниот Саша. Семејството прошета на црвениот тепих пред театарот „Ел Капитан“ во беспрекорно координирани виолетови комбинации воодушевувајќи ги сите присутни. Познатата 48-годишна пејачка повторно го позајмува својот глас на популарниот лик Газел во новото анимирано продолжение. За оваа посебна пригода Шакира, Милан и Саша носеа облека потпишана од дизајнерката Стела Мекартни. Нова песна за филмот Покрај враќањето во својата улога, Шакира сними и нова оригинална песна за филмот, наречена Zoo. Новото продолжение на…
„Македоника литера“ објави нова книга на Славчо Ковилоски со наслов „Речник на псевдонимите во македонската книжевност од првата половинана ХХ век“.Овој речник се надоврзува на „Речникот на псевдонимите во македонската книжевност од XIX век“, од истиот автор, публикуван во 2022 година. Покрај лажните имиња од сите видови (псевдоними, кратенки, знаци) овде се вклучени и одредници со прекари на публицисти, родените имиња на авторите, како и одреден број партизански псевдоними.Во Речникот се наоѓаат книжевни псевдоними на 187 автори и 36 псевдоними од други области со вкупен број од 223 лица со скриени имиња. Исто така, има 19 родени (крстени) имиња на…
Досега невиден клип од снимањето на филмот „Ова завршува со нас“ е објавен во јавноста, а неговото објавување би можело значително да ја промени правната битка меѓу Блејк Лајвли и Џастин Балдони. Балдони, кој го режира и глумеше во филмот, тврди дека клипот ги оспорува обвинувањата што Лајвли ги изнесе во нејзината тужба против него. Според судските документи, тимот на Балдони доставил избришана сцена во која Лајвли импровизира бакнеж за време на снимањето – иако таа тврди дека импровизацијата на интимните сцени била дел од наводното сексуално вознемирување на кое била подложена на снимањето. Контроверзната сцена, снимена во мај 2023…
Културниот информативен центар – Скопје го најавува пијано рециталот „Скопје во петолиние 2028“ – македонска музичка приказна во чест на Скопје, Европска престолнина на културата 2028. Овој уникатен рецитал ќе ја раскаже музичката приказна на нашиот град преку внимателно одбрани дела на македонски композитори, претворајќи го Скопје во вистинска партитура, а пијаното – во раскажувач. Рециталот претставува интимна пијанистичка нарација која го пренесува духот и енергијата на градот директно до срцето на публиката. На пијаното ќе настапи Давид Павиќ, млад, но веќе признат пијанист кој го претставува новиот бран на македонски уметници. Со внимателно одбраниот репертоар, рециталот ќе го истакне…
Штипската публика ќе има можност да ја види најновата изложба на академската сликарка Јана Јакимовска. На 18.11.2025 година во 13 часот во Безистенот во Штип ќе се отвори нејзината самостојна изложба на цртежи и слики со наслов Везилка. На изложбата се изложени дела инспирирани од песната Везилка на Блаже Конески. По изложувањето во Скопје, ова е второ претставување на изложбата Везилка пред македонската публика.За изложбата, кураторката д-р Ана Франговска ќе напише: Проектот Везилка на Јана Јакимовска е замислен како визуелен и теоретски премостувач меѓу традицијата и современоста, меѓу културната меморија и дигиталниот сегашен момент, меѓу „женската рака“ и „машката историја“.…
Непријатниот мирис во вашиот плакар може да биде кошмар, но со овој едноставен трик, тој ќе стане минато. Не сте единствени ако некогаш сте извадиле топол џемпер од вашиот плакар за да се стоплите и брзо сте откриле дека има непријатен мирис. Со овој супер едноставен трик, вашиот зимски гардеробер ќе биде без мирис и 100% подготвен за носење. Што ви треба: шише со распрскувач и вотка (дури и најевтината ќе ја заврши работата задоволително). Постапка: Наполнете го шишето со вотка и испрскајте ја облеката од растојание од 15 сантиметри, поставете ја на рамна површина и оставете ја целосно да…
Пелистер дојде во втората победа во Лигата на шампиони откако на домашен терен го совлада Пик Сегед. Ракометарите на македонскиот првак одиграа одличен меч и сосема заслужено на крајот се радуваа на триумфот.Во Топ 5 одбрани после завршување на седмото коло се најде македонскиот голман, Никола Митревски. Тој ја има втората најдобра одбрана. ЕХФТВ се одлучи тоа да биде интервенцијата при водството на Пелистер од 5-1, кога Митревски фати чист зицер на Пик Сегед од контранапад.Со оглед на тоа дека ЕХФТВ подоцна ги споделува на социјалните мрежи најдобрите, одбраната на Митревски можете да ја видите на видеото во продолжение (во…
Островите се, многумина ќе се согласат, совршена дестинација за одмор. Тие се доволно компактни за да можете добро да ги запознаете за време на вашиот престој, а обично нудат и прекрасни плажи – вреди да се истражат без оглед на тоа дали сонцето сјае или дува студен ветер. Одмор на остров може да се најде низ целиот свет, но најпознатите локации не се секогаш најдобри. Барем така велат читателите на престижното списание Condé Nast Traveller, кое неодамна објави листа на „најдобрите острови за 2025 година“. Речиси половина милион патници учествуваа во големата анкета, а рангирањата беа формирани според процентот на…
„Во министерството имав случаи на злоупотреби од претходни раководства, и сметав дека е потребно да повикаме на одговорност. Пет од тие пријави веќе се во судска постапка, што значи дека обвинителството ги процесираше со вештачења, анализи и документи. Дел сè уште чекаат да започне постапката“, рече Андоновски.Министерот додаде дека методологијата на работа е систематска и без политички притисоци.„Не снимавме апсења, не правиме притисок врз соработници на Венко Филипче. Секој предмет се обработува со издржани аргументи и факти и завршува со судски одлуки. Фали динамика кај судството и обвинителството, но борбата против корупција започнува од сопствениот двор“, нагласи Андоновски.Тој исто така…
