Автор: Редакција
Македонскиот репрезентативен голман, Мартин Томомовски продолжува да блеска, а неговиот тим да победува. Битигхајм на домашен терен славеше убедлив триумф против Ајнтрахт од 30-37 и дојде до 24-та победа оваа сезона. Со овие бодови томот на репрезентативецот остана на врвот на табелата.Томовски кој речиси целиот меч го мина на голот на Битигхајм, повторно беше во форма, овој пат зад неговото име запише 11 интервенции, две од седум метри.Дел од неговите одбрани можете да видите на следниот ЛИНК. Одличните партии на Томовски доаѓаат во вистинско време, Македонија ја чекаат два бараж натпревари против Словачка за пласман на Светското првенство 2027 година.
Според астролошките прогнози, мај ќе донесе финансиски предизвици за три хороскопски знаци – Близнаци, Лав и Јарец. Кај Близнаците се предупредува на импулсивно трошење и можни проблеми поради стари долгови или казни. Лавовите треба да внимаваат на ризични инвестиции и сомнителни понуди за „брза заработка“, како и на ненадејни трошоци поврзани со техника или автомобил. За Јарците, пак, мај носи наплата на стари обврски, долгови и сметки што долго биле одложувани. Астролозите советуваат внимателно планирање и рационално управување со буџетот.
Дрвената лажица со дупка не е само необичен дизајн – таа има многу практична намена во кујната. Дупката помага при подготовка на рижото, бидејќи овозможува зрната ориз полесно да се движат при мешање и го намалува ризикот од нивно гмечење, што придонесува за подобра текстура. Овој тип дрвена лажица е корисен и при мешање густо тесто со квасец, бидејќи тестото полесно поминува низ средината, што го олеснува мешањето. Покрај тоа, може да помогне и при подготовка на сосови, пудинзи и запршки, затоа што поефикасно ги разбива грутките и создава помазна смеса. Некои ја користат и за побезбедно вадење јајца и…
Форумот за образовни промени (ФОП) извести дека се мета закани и заплашување откако вчера објавија за незаконското унапредување на Арбеша Беџети Ферати, сопругата на претседателот на Сенатот на Универзитетот во Тетово, Кенан Ферати. „Нашите платформи и личните профили на тимот станаа цел на кампања за заплашување, закани и оцрнување веднаш по јавното разоткривање на незаконското унапредување на Арбреша Беџети Ферати, сопругата на претседателот на Сенатот на Универзитетот во Тетово, Кенан Ферати. Синоќа, работите отидоа подалеку. Едно лице, преку лажни профили но и од сопствениот профил, испрати навредливи и заканувачки пораки до членовите на семејството на извршниот директор на ФОП, Бленди…
Македонскиот фолклорен ансамбл „Илинден“ освои Гран при на меѓународниот фестивал „Wawelskie Skarby“ што се одржа во Краков, Полска.Од ансамблот информираат дека ова е втора година по ред како „Илинден“ освојува меѓународна награда, а годинава настапот бил крунисан со највисокото признание на фестивалот.Во рамки на посетата, ансамблот добил и специјална покана да настапи во Кралскиот замок Вавел, едно од најпознатите историски места во Краков.Од „Илинден“ посочуваат дека признанието е резултат на посветеноста на играорците, кореографите и целиот тим, како и на поддршката од родителите.
Планираното повлекување на 5.000 американски војници од Германија беше очекувано, но треба да ги поттикне европските земји да ја зајакнат сопствената одбрана, изјави германскиот министер за одбрана Борис Писториус во саботата, по најновиот удар врз трансатлантските односи од страна на Вашингтон, пренесува Ројтерс. Пентагон во петокот го објави намалувањето на војниците во Германија, најголемата американска база во Европа, во време кога несогласувањата околу војната со Иран и трговските тензии дополнително ги влошуваат односите меѓу САД и Европа. Доналд Трамп уште во својот прв мандат бараше намалување на военото присуство во Германија и постојано ја повикува Европа да преземе поголема одговорност…
Министерот за здраство, Азир Алиу денеска во соопштение објави дека Клиничката болница во Тетово ќе се реконструира целосно преку инвестиција вредна 74 милиони евра. Тој посочи дека проектот ќе се финансира преку државни и средства од меѓународни финансиски институции со што трајно треба да се променат здраствените услуги во Полошкиот регион. „Сите постојни објекти ќе бидат целосно реконструирани и модернизирани, ќе се опремат со современа медицинска технологија и опрема, објектите ќе се поврзат со функционални топли коридори, за безбедно и ефикасно движење на пациентите и персоналот, ќе се изградат две нови современи згради, и сите здравствени услуги ќе се реорганизираат…
Организацијата на факултетите и на самите универзитети во Европа, а после и во светот, почива на правилата на канонското право и претставува целосно копирање на организацијата на црквата. Ако влезете во која било црква во земјата на централно место ќе видите катедра и околу столови за седење. Тоа наликува на кој било амфитеатар или предавална и на која било сала за одржување на наставнички совет. Во црквата по ѕидовите има икони, по салите на факултетот висат сликите на деканите, во универзитетот сликите на ректорите. Порано, а и сега, лица кои бегаат од законот и властите можеле да се засолнат во…
Пентагон во петокот соопшти дека САД ќе повлечат околу 5.000 војници од воените бази во Германија, реализирајќи ја заканата што претседателот Доналд Трамп ја изнесе по несогласувањата со германското раководство околу војната со Иран, пренесува Политико. Станува збор за релативно мало намалување на бројот на трупи, во споредба со засилувањето што започна за време на претседателот Џо Бајден по целосната руска инвазија врз Украина во февруари 2022 година. И по повлекувањето, во Германија ќе останат околу 33.000 американски војници. Трамп, кој повеќепати ги критикуваше земјите членки на НАТО дека не дале доволна поддршка во конфликтот со Иран, со месеци најавуваше…
Пелистер е во добра серија, во обид клубот од Битола да обезбеди дури и директен опстанок ако денеска победи во Скопје кај Работнички. Не било до екипата, до тренерот било кај „зелените“ каде со враќањето на Маријан Секуловски се вратија и резултатите.Но, сепак, таму во Пелистер има едно добро „дете“, дете пантер – голманот Андтреј Јовчевски. Најдобриот млад чувар на мрежите во земјава кој тоа го докажува на теренот но секогаш е во сенка не некои други, некои „вештачки“ фалени голмани кои добиваа репрезентативни повици и шанси иако се далеку зад Јовчевски.Дека Пелистер ќе има проблем летово да го задржи…
