Автор: Редакција
Мајами Хит ја продолжија својата импресивна победничка серија со победа од 136-120 дома над Мемфис Гризлис во саботата навечер.Натпреварот го одблежеаа одличните настапи на Ендру Вигинс и Норман Пауел, како и еден инцидент во доцниот дел.Вигинс го предводеше домашниот тим со 28 поени, шутирајќи импресивни девет од 10 од поле, додека Пауел додаде 25 поени. Тајлер Херо исто така постигна 14 поени за домашниот тим.За гостите, Џексон постигна 28 поени (најмногу во сезоната), Џејлен Велс 25. Но Гризлис не успеаја да го свртат натпреварот и го забележаа својот 11-ти пораз во последните 14 натпревари. Мемфис остана во игра во првото полувреме…
Поранешниот македонски претседател Ѓорѓе Иванов, како главен говорник на панелот, поосочи дека секогаш кога земјава се доближувала до поставената цел од страна на ЕУ, целта се поместувала, и така во недоглед, со што се зголемува и листата на нашите неостварени очекувања.„Темата е комплексна бидејќи мораме да ги опфатиме и економските и политичките и безбедносните аспекти во овие промени. Да не навлегуваме во историјата бидејќи ќе заглавиме, но и да не влеземе во замката овие актуелни промени да ги согледуваме од денешен аспект, односно од дневна политика, бидејќи имаме хиперинфлација на настани кои се случуваат секој ден“, рече Иванов, осврнувајќи се…
Трансплантацијата е врв на медицината и на човечноста, беше истакнато на трибина одржана во Битола на тема „Органодарителство во Македонија“. Целта е, како што информираат во Министерството за здравство, да се отвори поширока јавна дискусија за значењето, предизвиците и етичките аспекти на трансплантацијата. „На едно место беа обединети врвни медицински експерти, трансплантациски координатори, претставници на верските заедници, правници, како и пациенти и донори, сите со заедничка мисија: подигнување на свесноста и градење култура на донорство. Трансплантацијата е врв на медицината, но и врв на човечноста. Таа бара знаење, организација и систем, но пред сè доверба, солидарност и храброст. Секој спасен…
По наредба на Основното јавно обвинителство Струга, истражни органи спроведуваат обемна постапка за утврдување на причините за загадувањето на водата од извориштето во селото Шум, од кое се снабдува со вода за пиење градот Струга, информираат во Основното јвно обвинителство (ОЈО). При извршените контроли на терен, биле затекнати работни машини на две правни лица од селото Велешта, кои вршеле кршење, ископ и транспорт на карпи во поголем обем, во непосредна близина на изворите. Според првичните информации, активностите се одвивале на парцели лоцирани во заштитното подрачје на водоснабдителниот систем. „Поради основани сомненија за сторени кривични дела – „Незаконита експлоатација на минерални…
„Македонија е жртва на класичен булинг од земји-членки кои одвнатре го уценуваат нејзиното интегрирање во ЕУ. И тоа не се цени според тоа каков напредок имаме, туку според тоа дали ќе го смениме Уставот, името, знамето, банкнотите и така натаму“, рече премиерот.Тој посочи дека европската интеграција на земјава е можеби единствен случај во Европа, бидеќи процесот во самата ЕУ не се цени според системот на напредок, односно според тоа како се совладуваат предизвиците, туку се темели на билатерални прашања и самото тоа го нарушува кредибилитетот на самата ЕУ, за што сè повеќе политичари во Брисел се свесни.„Само за нас, како…
Илјада и десет килограми небезбедна „здрава храна” уништија инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) кај 14 оператори во рамки на 373 контроли спровдени неделава, кај оператори именувани како објекти за производство и промет со здрава храна, информираат денеска во АХВ. „Со контролите утврдено е дека 14 оператори воопшто не биле регистрирани како оператори со храна во Агенцијата. За утврдените недоследности со контролите, издадени се 65 решенија, 19 опомени и 44 парични казни, во вкупна вредност од 20 550 евра во денарска противвредност. Кај 9 оператори со контролите утврдени биле незадоволителни хигиенски и технички услови во објектите, кај…
Корисниците кои брзаат да завршат задача честопати откриваат чувствителни информации на четботови и модели на вештачка интелигенција, не сфаќајќи дека тоа може да биде опасно. Големите јазични модели, како што се ChatGPT, Gemini и Perplexity, станаа неопходен дел од секојдневниот живот. Иако многу луѓе не ги користат овие алатки директно секој ден, тие веројатно користат некоја услуга што користи модели на вештачка интелигенција во позадина. Сепак, иако овие алатки честопати помагаат и со деловни и со лични задачи, нивната употреба може да претставува закана за безбедноста. Имено, корисниците кои брзаат да завршат задача честопати откриваат чувствителни информации на четботови и…
Неодамнешното соопштение на опозициската партија СДСМ во врска со барањето на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за нов владин авион, ги истакна долгогодишните проблеми во политичката комуникација во земјата – сексизмoт и континуираниот пад на квалитетот на политичката комуникација. Иако изјавата навидум се однесува на староста и големината на авионот, таа го пренасочува фокусот кон Сиљановска како личност, наместо кон политичките импликации на нејзиното барање, отворајќи прашања за третманот на жените во македонската политика. Во оригиналното соопштение на СДСМ, саркастичните коментари што го поврзуваат барањето за нов, поголем авион со физичката состојба на Сиљановска-Давкова вклучително и забелешките за „болки во колената“, една…
Денеска актуелниот есенски шампион во ПМФЛ шампионатот, тимот на Вардар, во рамките од 19. Коло на комплексот Петар Милошевски во Скопје до 13 часот како домаќин ќе го пречека тимот на Башкими.По двете стартни победи пролетва, против Арсими односно Работнички, Вардар посакува и трета радост. Секако тоа, мора да се заработи на терен, со добра игра, ефикасност и цврстина во одбраната онака како што беше и во претходните две кола.Вардар е ефикасен пролетва. Постигна осум гола, а прими само еден во два дуела.Одбраната на кумановци ќе биде под голем притисок, соочувајќи се со нападот на актуелниот лидер во Првата лига.…
Иако Дон Флорентино Перез пред неколку недели го назначи Алваро Арбелоа за стратег на Реал Мадрид, тој сепак имал комуникација со Јирген Клоп и му понудил на Германецот од јуни да ги преземе тимот. Иако Клоп бил изненаден од поканата на Перез, тој сепак не кажал конечно ДА, но ни конечно НЕ. Тој го напушти Ливерпул, направи долга пауза од тренерската работа, па дури и поканата од Реал Мадрид не му дозволи да се врати на сцената. Исто така, почна да се зборува за тоа дали некогаш повторно ќе го видиме Клоп во тренерскиот кадар. Сепак, веројатно ќе биде готов,…
