Автор: Редакција
По 35 години, производителот на роботската правосмукалка позната како „Румба“ поднесе барање за заштита од банкрот. По предупредувањата издадени претходно оваа година дека брзо им снемуваат опции, iRobot велат дека влегуваат во заштита од Поглавје 11 и дека ќе бидат купени од нивниот договорен производител, кинескиот Picea Robotics, пренесува медиумт Verge. Компанијата вели дека ќе продолжи да работи „без очекувано нарушување на функционалноста на апликацијата, програмите за клиенти, глобалните партнери, односите со синџирот на снабдување или тековната поддршка на производите“. Ова треба да значи дека, барем засега, вашиот Румба чистач ќе продолжи да ги чисти вашите подови исто како што…
Кошаркарките на Вардар стигнаа до уште една, победа, откако без проблеми славеа на гостувањето во Неготино со 54-84 за скор од седум победи и еден пораз, и враќање на позицијата број 1, која ја делат со екипите на Крива Паланка и Баскет кам по осум одиграни мечеви во „Шпаркасе Лајф“ Првата лига.Капитенски одигра Елена Тасевска, која го заврши натпреварот со ефект од 21 поен, на кои додаде и пет скока, три освоени топки и две асистенции. Трајковска додаде 20 поени и по шест скока и додавања, а Николиќ и Пислевска дополнија со по десет поени.Во домашната екипа која има скор…
Земјотрес со интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван во Скопје и околината. Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово на телеметриската сеизмолошка мрежа преку сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, земјотресот го регистрираше во 7 часот и 20 минути. Епицентар потекнува од пограничното епицентрално подрачје во Урошевац, на 124 км северно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.3.
Моделот Алесандра Амбросио измамува воздишки каде и да се појави. Таа стекна голема популарност во модната индустрија, а својот успех продолжи да го покажува на светските настани. View this post on Instagram A post shared by HELLO! Magazine (@hellomag) Таа е редовен гостин на престижни филмски фестивали, па овој пат не ја пропушти можноста да блесне на Филмскиот фестивал „Red Sea“ во Саудиска Арабија. View this post on Instagram A post shared by @runwayvista Алесандра прошета по црвениот тепих во романтична креација која зрачи со чиста елеганција. View this post on Instagram A post shared by Alessandra Ambrosio (@alessandraambrosio) Беж…
Секоја година носи нови модни и козметички трендови и ги брише старите, а ако веќе не сте се откажале од следните трендови – дефинитивно ќе се збогувате со нив во новата година. Иако следењето на трендовите понекогаш е неизбежно, секој од нас пред сè треба да се познава себеси, своите навики и стил, и затоа да ги прифати (или игнорира) безбројните микротрендови што се менуваат од сезона во сезона. Трендовите постојат за да се забавуваме, да си играме и да експериментираме, но само ако навистина ни одговара. И како што 2025 година се ближи кон крајот, добро е време да…
Мирко Оцокољиќ нема да остане прв тренер на Партизан. Раководството на клубот одлучи да ангажира шпански тренер – Жоан Пенароја.Иако Оцокољиќ на одличен начин го водеше тимот по заминувањето на Жељко Обрадовиќ, челниците на Партизан сепак решија на клупата да дојде странец, а изборот падна на 56-годишниот Пенароја.Шпанецот веќе пристигна во Белград. Утре официјално ќе биде претставен во еден белградски хотел, а пред јавноста ќе се обратат првиот човек на клубот Остоја Мијаиловиќ и спортскиот директор на тимот Жарко Паспаљ.Жоан Пенароја е добро познато тренерско име, особено во Шпанија, каде што ја помина целата своја кариера. Тренерското име го изгради…
Џими Лаи, медиумскиот могул од Хонг Конг и критичар на Кина, денеска беше прогласен за виновен по две точки од обвинението за заговор за дослух со странски сили и една точка од обвинението за бунт според законот за национална безбедност наметнат од Кина, што може да го одведе во затвор доживотно. Пресудата е најновата пресвртница за милионерот кој сам го стекнал богатството, кој одби да молчи по репресијата на Пекинг по масовните протести во Хонг Конг во 2019 година и продолжи да предупредува на ризиците од авторитаризам дома и во странство. Познат по својата градба на крупен боксер, енергичен говор…
Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ го распиша годинашниот конкурс за наградата „Роман на годината“ за 2025 година, кој ќе трае од 15 декември годинава до 15 јануари 2026 година.Право на учество имаат романите кои за првпат се објавени на македонски јазик во 2025 година. Kандидатите се обврзани да достават по пет примероци од романот кои не се враќаат, во просториите на Друштвото на писателите на Македонија (ул. „Максим Горки“ бр. 18, Скопје) секој работен ден од 9 до 15 часот или по пошта на адреса на Фондацијата, бул. „Кузман Јосифовски Питу“ 19/6-40, Скопје.Пожелно е и…
Како што информира Кабинетот на претседателката Сиљановска-Давкова, гостите ја потврдија јасната заложба на АЛДЕ за деблокирање на македонскиот евроинтегративен пат, како и брзо и целосно интегрирање на Западен Балкан во ЕУ, преку посегање по креативни решенија во овој исклучително тежок геополитички моментум.Претседателката, како што се наведува, низ призма на принципите и вредностите гарантирани со европските конститутивни акти, презентираше свои видувања и предлози за излез од блокадата.Гостите изразија не само интерес, туку и подготвеност да помогнат во надминувањето на неодржливиот status quo во којшто се наоѓаме, преку иницирање можни решенија во рамките на Европскиот парламент.Претседателката го поздравила конструктивниот пристап на АЛДЕ,…
Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за деца при Основниот кривичен суд Скопје поднесе Барање за поведување подготвителна постапка за вкупно 5 деца во судир со законот, бидејќи презеле дејствија кои се предвидени како кривично дело – Насилство од член 386 од Кривичниот законик. Сите петмина, на возраст од по 14 и 15 години, заедно со уште едно дете кое не наполнило 14 години и не може кривично да одговара, во група извршиле грубо насилство врз двајца други 14-годишници. Настанот се случил на 12 декември во дворот на О.У. “Дитурије” во Сарај. Двете деца – жртви на насилството тргнале да…
