Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Македонија ќе учествува во генетското пребројување на кафеавата мечка

    07/09/2026

    Семејство Михаилови – нова тема за тензии меѓу Скопје и Софија

    07/09/2026

    Младите повторно купуваат ЦД-а, продажбата расте

    07/09/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Лишено од слобода лице кое барало 1.500 евра за посредување при вработување
    Македонија

    Лишено од слобода лице кое барало 1.500 евра за посредување при вработување

    06/09/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Лице од Скопје, вработено во Службата за општи и заеднички работи при Владата, е лишено од слобода откако, според пријавата до полицијата, побарало 1.500 евра за посредување при вработување во Град Скопје, пренесуваат од Министерството за Внатрешни Работи.

    Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Единицата за корупција при Министерството за внатрешни работи до надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против Д.Ц. (49) од Скопје.

    Од МВР информираат дека тој се сомничи за сторено кривично дело „Примање награда за противзаконито влијание“, казниво по член 359 став 7 во врска со став 2 од Кривичниот законик.

    Постапката започнала по претходно поднесена пријава од граѓанин, кој пријавил дека од него биле побарани пари за да му биде овозможено посредување при вработување во Град Скопје.

    Според пријавата, Д.Ц. побарал вкупно 1.500 евра, при што 500 евра требало да бидат исплатени како прва рата. Како што соопштува полицијата, тој на пријавителот му посочил дека познава лица кои можат да влијаат врз постапката за вработување.

    По добиената пријава, Единицата за корупција, во координација со надлежниот јавен обвинител, веднаш презела мерки и активности со цел документирање на наводното кривично дело.

    На 4 септември 2026 година, околу 17:50 часот, на подрачјето на Скопје, пријавителот му предал на Д.Ц. 500 евра, односно пет банкноти во апоени од по 100 евра. Парите претходно биле криминалистичко-технички обработени за потребите на постапката.

    По предавањето на парите, полициски службеници извршиле контрола во службеното возило на пријавениот. При контролата биле пронајдени паричните средства, а одземен бил и мобилниот телефон што го користел Д.Ц.

    Лицето било лишено од слобода, а против него е поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство. Понатамошната постапка ќе ја водат надлежните институции.

    Поврзани вести

    Македонија ќе учествува во генетското пребројување на кафеавата мечка

    07/09/2026

    Лишен од слобода маж од Македонски Брод осомничен дека со тример предизвикал пожар во Брезница

    06/09/2026

    Маврово сѐ уште чека репрогласување и заштита, но проектот за малата хидроцентрала „Рибничка“ си тече

    05/09/2026
    АКТУЕЛНО

    Македонија ќе учествува во генетското пребројување на кафеавата мечка

    07/09/2026

    Семејство Михаилови – нова тема за тензии меѓу Скопје и Софија

    07/09/2026

    Младите повторно купуваат ЦД-а, продажбата расте

    07/09/2026

    Села го демантира Касами дека планира да влезе во Владата

    07/09/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Независните иницијативи побараа да учествуваат во креирањето на Изборниот законик

    Затворен 13. „Џифони Македонија“ – избрани најдобрите филмови на фестивалот

    Владата го утврди новиот усогласен текст на предлог-законот за игрите на среќа и за забавните игри

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.