Полицијата вчера го лишила од слобода 38-годишниот М.Т. од Македонски Брод, по пријава дека предизвикал пожар во селото Брезница.
Според информациите од МВР, пожарот избувнал на 5 септември околу 10 часот, во близина на неговата куќа. При користење бензински тример за косење дошло до искрење, по што се појавил пожар кој се проширил кон соседните имоти.
Во пожарот нема повредени лица. Огнот бил изгаснат од екипа на ЈП „Национални шуми“, заедно со локалното население.
По целосното документирање на случајот, полицијата најавува дека ќе следува соодветна пријава.

