Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    „Добро сум“: Првата реакција на Расел Бренд по пресудата за силување

    06/11/2026

    Објавени конечните резултати од изборите во Србија, Студентската листа освои 140, а „Единствена Србија“ 103 пратеници

    06/11/2026

    Готвач добил отказ бидејќи одбил да стави ананас на пица: „Тоа е навреда за мојата култура“

    06/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»За ниту една вакцина лани го немало потребниот опфат од 95 отсто
    Македонија

    За ниту една вакцина лани го немало потребниот опфат од 95 отсто

    01/09/20263 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    За ниту една од вакцините од редовниот календар за 2025 година, за прва доза го немаме посакуваниот опфат од 95 отсто, соопшти денеска на прес-конференција епидемиологот од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Драган Кочински.

    „За хепатитис Б имаме 77 отсто, за хемофилос инфлуенца 78 отсто, за ДТП – 79 проценти, иако имавме епидемија од ова заболување во 2024 година. За вакцината против полио опфатот е 79 отсто, 62 отсто е за МРП вакцината (сипаници, рубеола, заразни заушки) и вакцините со релативно низок опфат се ХПВ со 51 отсто и рота и пнеумокока – 64 и 80 отсто. Сето ова не е доволно за да се создаде колективен имунитет на национално ниво“, кажа Кочински и повика родителите да ги вакцинираат своите деца.

    Тој рече дека граѓаните треба поревносно да пристапат кон вакцинација од морбили со оглед на тоа дека во моментот расте бројот на морбили во Косово и во Бугарија.

    „Затоа имаме причини да започнеме со алармирање. Ако се анализираат последните 5 години, за МРП имаме 81 отсто опфат. Највисок опфат имавме до 2019 година, кога имавме епидемија, па имавме преземено мерки. Сега во моментот нема епидемија, но бидејќи го има заболувањето во соседството, планираме со активности да ги мотивираме родителите да ги вакцинираат своите деца“, додаде тој.

    Мета во април годинава објави дека последен пат опфат над 90 отсто на МРП е регистриран во 2019 година (93,1 отсто), повторно како резултат на против епидемиски мерки, по што се забележува континуиран пад на опфатот. Во извештај што го објави ИЈЗ, за разлика од првата доза, ревакцинацијата (втора доза) на МРП вакцината, слично како и кај останатите училишни вакцини, бележи зголемување во 2025 година во однос на 2024 година, при што опфатот изнесува 84,7 отсто (наспроти 79,1%). Одговорните во ИЈЗ нотирале во извештајот дека нискиот опфат со задолжителната вакцинација, посебно со МРП вакцината, кој континуирано се одржува повеќе години, доведува до акумулација на осетливо население и значително зголемен ризик од појава и ширење на епидемии од вакцинопревентабилни заболувања, вклучително и мали сипаници.

    Малите сипаници се многу заразна болест предизвикана од вирус, која лесно се шири кога заразено лице дише, кашла или кива. Може да предизвика тешка болест, компликации, па дури и смрт. Од малите сипаници можат да заболат сите, но најчесто се јавува кај децата. Малите сипаници го инфицираат респираторниот тракт, а потоа се шират низ телото. Симптомите на мали сипаници обично започнуваат 10-14 дена по изложувањето на вирусот. Исипот е најкарактеристичен симптом. Раните симптоми обично траат 4-7 дена. Тие вклучуваат течење на секрет носот, кашлица, црвени и насолзени очи (конјуктивитис), мали бели дамки во внатрешноста на образите.

    Опфатот со примарна вакцинација со 3 дози ДиТеПер/ИПВ вакцина за 2025 година, за целата држава изнесува 78,8 отсто, што исто така е далеку под просекот. Д-р Соња Ралева, спец. по општа медицина, од школскиот диспанзер на поликлиниката Бит Пазар, за Мета вели дека невакцинирањето може да доведе до враќање на вируси и тешки болести, кои, како што вели, не простуваат.

    „Намалување има и кај ДиТеПер вакцината. Со ваквиот опфат ние ризикуваме да се вратиме на старите болести, а посебно полиомиелитис, вирус кој се добива по респираторен капков пат и дава оштетување на `рбетот и на мозокот, а може да доведе до трајна инвалидност или смрт. Таков е вирусот, тој не простува. Лек нема, но затоа постои ефикасна заштита, вакцината“, вели д-р Ралева.

    Поврзани вести

    ДЗР: Железницата плаќа милиони евра за неискористени кредити, а Коридорот 8 доцни со години

    05/11/2026

    ЕК: Граѓаните плаќаат до 42 отсто од здравствените трошоци од свој џеб, расте бројот на заболени од рак

    05/11/2026

    ЕК: Нема напредок во квалитетот на воздухот, Рашче останува под закана, индустријата директно ги загадува реките

    04/11/2026
    АКТУЕЛНО

    „Добро сум“: Првата реакција на Расел Бренд по пресудата за силување

    06/11/2026

    Објавени конечните резултати од изборите во Србија, Студентската листа освои 140, а „Единствена Србија“ 103 пратеници

    06/11/2026

    Готвач добил отказ бидејќи одбил да стави ананас на пица: „Тоа е навреда за мојата култура“

    06/11/2026

    ДЗР: Железницата плаќа милиони евра за неискористени кредити, а Коридорот 8 доцни со години

    05/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Mицкоски се извини за случувањата во Собранието

    Муцунски утре во работна посета на БиХ, средба со Конаковиќ

    194-та владина седница: Македонски војници во НАТО операцијата „КФОР“ во Косово

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.