Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Лани евидентирани 115 лица со мултиплекс склероза, 1.800 активно се лекуваат на клиника

    16/10/2026

    Ново големо ажурирање на „Where Winds Meet“ со нова зона наречена „Qinzhou“

    16/10/2026

    (Видео) Први снимки од бремената Хилари Свонк: Го очекува своето трето дете на 53 години и зрачи од среќа

    16/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»„17“ на Косара Митиќ е македонскиот кандидат за Оскар
    Македонија

    „17“ на Косара Митиќ е македонскиот кандидат за Оскар

    01/09/20263 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Долгометражниот игран филм „17“, во режија на Косара Митиќ и во продукција на „Црна Мачка Продукција“, е избран за македонски кандидат за наградата Оскар, во категоријата најдобар меѓународен долгометражен филм.

    Одлуката ја донесе Комисијата за избор на национален кандидат за Оскар при Друштвото на филмските работници на Македонија, чиј состав е прифатен и одобрен од Американската академија за филмски уметности и науки: Марија Димитрова – претседател на Комисијата и продуцент, Антонио Митриќески – режисер, Дејан Димески – директор на фотографија, Иван Бартлинг – сценограф, Георги Унковски – режисер, Теута Ајдини Јегени – актерка и Сара Ферро – продуцент.

    Во изборот оваа година беа пријавени два долгометражни играни филма: „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума и „17“ на Косара Митиќ.

    „17“ ја имаше својата светска премиера во програмата „Перспективи“ на 76. Берлински филмски фестивал, а до сега има освоено 11 меѓународни награди. Меѓу нив се наградата за најдобар филм на Меѓународниот филмски фестивал во Уругвај; наградата за дистрибуција на Филмскиот фестивал во Болцано; Наградата од публиката и Специјалното признание за Ева Костиќ на Меѓународниот филмски фестивал во Лас Палмас; наградата за најдобра актерка за Ева Костиќ на Bella Tofifest во Полска; наградата GWFF за најдобар меѓународен дебитантски филм на Филмскиот фестивал во Ерусалим; Срцето на Сараево за најдобра актерка за Ева Костиќ, Специјална награда за промовирање родова еднаквост, наградата Cineuropa и Наградата од публиката за најдобар игран филм на Сараевскиот филмски фестивал; како и „Златна мимоза“ за најдобра режија за Косара Митиќ на Филмскиот фестивал во Херцег Нови.

    Во филмот играат Ева Костиќ, Мартина Даниловска, Ева Стојчевска, Петар Маниќ, Ирена Димеска, Луна Бејков, Христијан Ристески, Алина Христовска, Даме Јовески, Јован Тодоров, Мина Јелушиќ, Тодор Стојковски, Иво Јездиќ, Ана Стојановска, Жаклина Стевковска, Сашко Коцев и Оливер Митковски.

    Сценариото е на Косара Митиќ и Огњен Свиличиќ, продуценти се Томи Салковски и Кристијан Буровски, директор на фотографија е Наум Доксевски, сценографи се Дејан Ѓоршевски и Александра Чевреска, костимите се на Жаклина Крстевска, шминката и фризурата се на Карла Лазиќ (Србија), снимател на звук е Аљаж Лукан (Словенија), а монтажер е Владимир Павловски. Филмот е продукција на „Црна Мачка Продукција“, во копродукција со „Арт&Попкорн“ од Србија и „Децембер“ од Словенија, а меѓународен продажен агент е „Тотем“.

    Свеченото доделување на 99. награди на Американската академија за филмски уметности и науки ќе се одржи на 14 март 2027 година во Лос Анџелес. Листата на филмови кои ќе влезат во потесниот избор за Оскар ќе биде објавена на 15 декември 2026 година, додека номинациите за 99. Оскари ќе бидат објавени на 21 јануари 2027 година.

    Поврзани вести

    Лани евидентирани 115 лица со мултиплекс склероза, 1.800 активно се лекуваат на клиника

    16/10/2026

    Ново големо ажурирање на „Where Winds Meet“ со нова зона наречена „Qinzhou“

    16/10/2026

    Млад жител на тетовско осомничен за сајбер измами, продажба на украдени податоци и детска порнографија

    15/10/2026
    АКТУЕЛНО

    Лани евидентирани 115 лица со мултиплекс склероза, 1.800 активно се лекуваат на клиника

    16/10/2026

    Ново големо ажурирање на „Where Winds Meet“ со нова зона наречена „Qinzhou“

    16/10/2026

    (Видео) Први снимки од бремената Хилари Свонк: Го очекува своето трето дете на 53 години и зрачи од среќа

    16/10/2026

    (Видео) Меси се почести луксузна јахта – погледнете како изгледа

    16/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Софија Вергара во прекрасно празнично издание

    Гаши: Треба да се смени пристапот дека Собранието е гласачка машина за носење закони

    Пациенти со месеци чекаат ПЕТскен, повторно доцни и онколошката терапија

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.