Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Како да воспитате дете кое размислува со своја глава: Пет совети за родителите

    22/10/2026

    (Фото) Објави селфи, па предизвика хаос на интернет

    22/10/2026

    Станбените кредити за една година пораснале за 16 отсто

    21/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Мицкоски не ја нарекол опозицијата талог, но им порача да излезат од безидејноста
    Македонија

    Мицкоски не ја нарекол опозицијата талог, но им порача да излезат од безидејноста

    21/08/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Прилеп изврши увид во градежните активности за реконструкција на водоводната мрежа на улицата „Кузман Јосифовски“ и изградбата на кружниот тек кај мостот „Табана“.

    По посетата на градежните активности, Мицкоски одговараше на прашања на медиумите, а ја коментираше и опозицијата.

    „Јас сум свесен дека имаме работа со талог во опозицијата. Тие така се препознаа. Јас не кажав дека тоа се однесува на нив, само спомнав во едно друго интервју дека, за жал, има една мала група во општеството која се обидува преку лаги, конструкции и измислици да внесе немир и недоверба кај општеството. Јас таа група ја нареков талог“, изјави Мицкоски.

    Тој додаде дека не знае од кои причини опозицијата се препознала во неговата изјава, но оцени дека тоа „од сега па понатаму ќе ги прати“.

    „Тој талог треба да ја прифати оваа реалност, да проба да излезе од безидејноста во која се наоѓа ако сака да биде конкурентна понатаму на политичката сцена. Тоа е впрочем, на крајот на денот нивен проблем“, рече премиерот.

    Мицкоски посочи дека власта има јасна цел и се обидува да стабилизифра систем кој, според него, не постоел.

    На настанот во Прилеп изјави за медиумите дадоа и градоначалникот Дејан Проданоски и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

    Додека премиерот одговараше на прашања, некој од присутните изгуби свест, па Мицкоски праша дали е сè во ред, по што беше прекинат преносот од настанот.

    Поврзани вести

    Станбените кредити за една година пораснале за 16 отсто

    21/10/2026

    Запленет лек за рак што бил шверцуван во автобус на граничниот премин Богородица

    21/10/2026

    Раѓање повеќе деца или увоз на странски работници, според премиерот Мицкоски, се опциите за одржување на растот на македонската економија

    20/10/2026
    АКТУЕЛНО

    Како да воспитате дете кое размислува со своја глава: Пет совети за родителите

    22/10/2026

    (Фото) Објави селфи, па предизвика хаос на интернет

    22/10/2026

    Станбените кредити за една година пораснале за 16 отсто

    21/10/2026

    Запленет лек за рак што бил шверцуван во автобус на граничниот премин Богородица

    21/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    „Апстрахирање од статусот членство“ во ЕУ е цементирање на ЕУ интеграцијата на недефиниран рок

    Првиот впечаток лаже: Најчесните знаци во Зодијакот кои никогаш нема да ве предадат

    Потребно е младите да знаат како да се движат онлајн: Метаморфозис и Американската гимназија потпишаа Меморандум за соработка

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.