Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Видео) Бигорот исчезнува за миг: Вашата туш-кабина ќе блесне со помош на еден производ

    11/11/2026

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    (Видео) Сè повеќе луѓе користат еден трик пред да ја вклучат машината за миење садови

    11/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Потребно е младите да знаат како да се движат онлајн: Метаморфозис и Американската гимназија потпишаа Меморандум за соработка
    Македонија

    Потребно е младите да знаат како да се движат онлајн: Метаморфозис и Американската гимназија потпишаа Меморандум за соработка

    15/05/20261 Min Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Александра Кираца, в.д. диекторката на Американската гимназија Скопје и Бардил Јашари, извршниот директор на Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис, денеска потпишаа Меморандум за соработка со цел унапредување на дигиталната писменост, сајбер безбедноста и безбедното користење на интернет кај младите.

    Со меморандумот е предвидена реализација на едукативни работилници и обуки за учениците, насочени кон препознавање и спречување на онлајн ризици, развивање одговорно дигитално однесување и зајакнување на свеста за заштита на личните податоци и дигиталниот идентитет.

    „Многу е важно младите да научат како одговорно и безбедно да ја користат технологијата, а училиштата имаат клучна улога во нивната едукација и подигнување на свеста за ова прашање“, посочи Јашари на потпишувањето на Меморандумот.

    Во рамки на досегашните активности, учениците во Американската гимназија Скопје веќе посетуваа обуки, а интересот и вклученоста на учениците беа на високо ниво. Она што е посебно значајно е што кај учениците, со овие обуки, се создава свест и потреба дека е неопходна дополнителна едукација, со оглед на тоа дека дел од нив веќе се соочиле со несакани ситуации онлајн.

    Од двете страни посочуваат дека оваа соработка претставува важен чекор кон создавање побезбедна дигитална средина за младите и отвора можности за нови заеднички активности и едукативни програми во иднина.

    Поврзани вести

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    Има истраги, но нема казни: ЕУ ја критикува Македонија за резултатите во борбата против корупцијата и Кривичниот законик

    10/11/2026

    Средба на амбасадорот Рокас и министерот Шасивари: Препораките за реформи во правосудството мора да се реализираат

    10/11/2026
    АКТУЕЛНО

    (Видео) Бигорот исчезнува за миг: Вашата туш-кабина ќе блесне со помош на еден производ

    11/11/2026

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    (Видео) Сè повеќе луѓе користат еден трик пред да ја вклучат машината за миење садови

    11/11/2026

    Почна Парискиот мировен форум со посебен фокус на правата на децата

    10/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Премиера на новата претстава „Интервју“ на сцената на Турски театар

    Цана: Тројца пациенти со западно-нилска треска се екстубирани, двајца се во критична состојба

    Со „Оче наш“ и доделувањето на награди завршува овогодинешниот Cinedays

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.