Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Ставена во функција апликацијата „Безбеден град“ за странските возила

    21/08/2026

    Вандали корнеле и сечеле со брусалица столпчиња за маркација на Шар Планина

    21/08/2026

    Филипче: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да им се извинат на семејствата на настраданите во модуларната болница

    21/08/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Политика»Филипче: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да им се извинат на семејствата на настраданите во модуларната болница
    Политика

    Филипче: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да им се извинат на семејствата на настраданите во модуларната болница

    21/08/20263 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски да им се извинат на семејствата на загинатите зашто пет години си играа со нивните чувства и емоции, да им се извинат и на граѓаните зашто пет години ширеа лажни вести и го загадуваа јавниот простор со невистини – рече денеска претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во врска со вчерашната одлука на Обвинителството да го затвори предметот за модуларните болници.

    Филипче на прес-конференција истакна и дека СДСМ е секогаш подготвен за избори, но за предвремените парламентарни, за кои сè почесто се зборува, нема да ѝ биде, како што напомена, алиби на ВМРО-ДПМНЕ.

    Тој се осврна и на училишната кочничка квалификувајќи ја како ПР-трик.

    „Страшно жалам за загубените животи, за луѓето што загинаа, сочувствувам со семејствата и тоа ќе биде така секогаш. Јасно кажа Обвинителството, нема злоупотреба на службената должност, нема штета на буџетот и тоа го осликува севкупно моето работење, и во политиката и како лекар, во однос на сите функции што сум ги имал – некорумпирано, секогаш во интерес на граѓаните, без никаква штета за никого. Но, Мицкоски и неговата организирана криминална група, на сите прес-конференции, години, пет години, зборуваат за мене дека сум убиец, ме споредуваат со доктор Менгеле, а јас спасувам животи и здравјето на граѓаните ми е на прво место. Не престанаа. Не престанаа ни вчера. По одлуката на Обвинителството го продолжија тоа и денес правеа исто така прес-конференција“, истакна Филипче.

    Лидерот на СДСМ потсети дека по пожарот во Тетово, поднесе оставка како морален и човечки чин.

    Според него, изјавата на Мицкоски дека не е исклучена можноста понатаму овој предмет да биде повторно отворен е само закана.

    „Тоа е неговиот начин на однесување и го разбирам зашто кога човек нема резултати во она што го прави, кога е целосно неспособен да ги менаџира проблемите во државата, сè што му останува е да се заканува, со судови, со обвинителства… Јас од ништо не се плашам. Еве, ова е вистината, тоа што вчера го кажа обвинителството. Целокупната моја работа во кариерата била таква — одговорна, во интерес на граѓаните, без штета да се нанесе ниту најмалку на буџетот на граѓаните“, потенцира Филипче.

    За училишната кошничка, истакна дека тие што ја најавуваат, повторно ќе излажат.

    „Што е вистината и суштината? Мицкоски ниту има знаење, ниту капацитет, ниту желба да ја води државата како што треба. Човекот е заинтересиран само за себе и својата мала група луѓе околу него, ништо друго. И од оваа што го спомнува, некаква кошничка, јас не очекувам ништо, зашто сметам дека е апсолутно само некој ПР трик, нешто како најава, а на крај нема да биде ништо“, рече Филипче.

    Тој најави дека СДСМ во септември ќе презентира мастер план за развивање на државата.

    „Секогаш сме подготвени за предвремени парламентарни избори, и со тим, и со добра програма, и со план, но, алиби на Христијан Мицкоски за изборите нема да му дадеме. Тој вели: „Доколку опозицијата бара избори, ние сме подготвени веднаш да одиме на избори”. Се поставува прашањето — зошто не ја слушал опозицијата во други случаи? Зошто, на пример, на сила е укината техничката влада ако му значело мислењето на опозицијата? Зошто на сила сакаат да го донесат Изборниот законик со одредби на кои ние се противиме и имаме реални и објективни забелешки? И сега бара алиби за избори од опозицијата? Не, нема да му дадеме, а предвремени избори ќе има кога Мицкоски и неговата криминална група веќе нема да имаат пари“, подвлече претседателот на СДСМ.

    Поврзани вести

    Aмбасадорскиот совет и денеска ќе заседава за задачите на дипломатската мрежа

    21/08/2026

    Менкиноски: Бугарија вети помош, а испорача блокада – Македонија конечно мора да возврати со силата на правото!

    21/08/2026

    Сиљановска-Давкова: Мора да ја зајакнеме проактивната дипломатија, водени од јасен национален и натпартиски компас

    20/08/2026
    АКТУЕЛНО

    Ставена во функција апликацијата „Безбеден град“ за странските возила

    21/08/2026

    Вандали корнеле и сечеле со брусалица столпчиња за маркација на Шар Планина

    21/08/2026

    Филипче: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да им се извинат на семејствата на настраданите во модуларната болница

    21/08/2026

    Aмбасадорскиот совет и денеска ќе заседава за задачите на дипломатската мрежа

    21/08/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Мицкоски: Пораките на Рубио се јасен сигнал дека светот веќе не функционира по старите правила

    Малески: Струга Трим Лум сака да остане на врвот и после дербито со Вардар

    Дал пари за возачка дозвола, откако не ја добил, пријавил во полиција дека е измамен

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.