Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Како да воспитате дете кое размислува со своја глава: Пет совети за родителите

    22/10/2026

    (Фото) Објави селфи, па предизвика хаос на интернет

    22/10/2026

    Станбените кредити за една година пораснале за 16 отсто

    21/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»АХВ: Доставена е информација за донација на вакцини до Европската Комисија и Турција
    Македонија

    АХВ: Доставена е информација за донација на вакцини до Европската Комисија и Турција

    20/08/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Агенцијата за храна и ветринарство (АХВ) доставила информација за донација на вакцини до Европската Комисија и до Република Турција соопштуваат од АХВ и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

    „Паралелно со спроведувањето на контролните мерки, од Република Турција се обезбедени 500.000 дози вакцина како донација, кои се очекува да пристигнат деновиве, а до Европската комисија е доставено барање за дополнителни количества. Експертската група при АХВ редовно се состанува, ја разгледува епидемиолошката слика и ги утврдува понатамошните мерки за ограничување на болеста. Повторно е побарана и стручна поддршка од тимот EUVET на Европската комисија. Пред примената, вакцините задолжително ќе бидат лабораториски испитани за безбедност и чистота, а вакцинирањето ќе започне по потврдувањето на резултатите, според официјален план и под контрола на АХВ“, велат во соопштение АХВ и МЗШВ.

    Министерството и АХВ ги предупредуваат сточарите дека самостојното набавување и применување вакцина, на сопствен трошок и без претходно одобрение од Агенцијата, ќе биде санкционирано согласно важечките прописи.

    Во таков случај, сопственикот нема да има право на компензација за заболените животни, ниту на обесштетување за животните одземени заради сузбивање и искоренување на болеста.

    Неконтролираната примена на вакцини може да го отежне епидемиолошкото следење, да ја намали ефикасноста на преземените мерки и да создаде дополнителен ризик за стадата. Поради тоа, вакцинирањето може да го вршат единствено овластени ветеринарни служби, според официјален план и под непосреден надзор на АХВ.

    Поврзани вести

    Станбените кредити за една година пораснале за 16 отсто

    21/10/2026

    Запленет лек за рак што бил шверцуван во автобус на граничниот премин Богородица

    21/10/2026

    Раѓање повеќе деца или увоз на странски работници, според премиерот Мицкоски, се опциите за одржување на растот на македонската економија

    20/10/2026
    АКТУЕЛНО

    Како да воспитате дете кое размислува со своја глава: Пет совети за родителите

    22/10/2026

    (Фото) Објави селфи, па предизвика хаос на интернет

    22/10/2026

    Станбените кредити за една година пораснале за 16 отсто

    21/10/2026

    Запленет лек за рак што бил шверцуван во автобус на граничниот премин Богородица

    21/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    15 издание на „100 Илјади поети за промена“ во Струмица

    Нови потпретседатели на СДСМ се Александар Трајановски и Јована Тренчевска

    Сиљановска-Давкова: Фестивалот „Игор Маџиров“ уште еднаш покажа и докажа дека театарската моќ допира до сите генерации

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.