Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Земјоделките немаат породилно отсуство, осигурување и финансиска сигурност

    17/10/2026

    40 години по катастрофата во Чернобил: радиоактивните честички се многу постабилни отколку што се мислеше

    17/10/2026

    Ѕвездата на „Шерлок“ тајно се ожени со 21 година помладата партнерка

    16/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Нови потпретседатели на СДСМ се Александар Трајановски и Јована Тренчевска
    Македонија

    Нови потпретседатели на СДСМ се Александар Трајановски и Јована Тренчевска

    17/12/20252 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Докторот Александар Трајановски и пратеничката Јована Тренчевска се новите партиски потпретседатели на Социјалдемократкиот сојуз на Македонија. Новото раководство беше избрано на вечерашната седница на Централниот одбор на СДСМ. Претседателот на партијата Венко Филипче, истакна дека новиот тим ќе се бори со, како што рече, ненародната, корумпирана и криминогена власт на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН.

    „Нови партиски потпретседатели се доктор Александар Трајановски и пратеничката Јована Тренчевска. Членови на Извршниот одбор се луѓе коишто се еден дел искусни, еден дел млади, одлична спојка. Искусните ќе го пренесат своето знаење и искуство на помладите. Секретарските позиции ги задржаа актуелниот генерален секретар Александар Димитриевиќ и еден од досегашните организациските секретари Љупчо Фармаковски. Ова е тим кој влегува во храбра и многу одлучна борба со оваа ненародна и криминогена и корумпирана власт на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН,“ рече Филипче.

    Тој нагласи дека е формиран Совет на партијата кој ќе има улога да привлекува слободоумни луѓе коишто ги делат нивните вредносни политики и апелираше до граѓански организации, независни поединци и  интелектуалци да се придружат на нивниот фронт.

    Филипче информира дека имаат и нов, Антикорупциски тим, составен од млади, но искусни луѓе, истражувачи, кои ги консултираат за активностите и кои се занимаваат со разоткривање на корумпираните шеми на актуелната власт.

    Поврзани вести

    Земјоделките немаат породилно отсуство, осигурување и финансиска сигурност

    17/10/2026

    Лани евидентирани 115 лица со мултиплекс склероза, 1.800 активно се лекуваат на клиника

    16/10/2026

    Ново големо ажурирање на „Where Winds Meet“ со нова зона наречена „Qinzhou“

    16/10/2026
    АКТУЕЛНО

    Земјоделките немаат породилно отсуство, осигурување и финансиска сигурност

    17/10/2026

    40 години по катастрофата во Чернобил: радиоактивните честички се многу постабилни отколку што се мислеше

    17/10/2026

    Ѕвездата на „Шерлок“ тајно се ожени со 21 година помладата партнерка

    16/10/2026

    Кендал Џенер проговори за својата сексуалност: Можеби ќе ми беше полесно да сум хомосексуалка, мажите се ужасни

    16/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Британската амбасада потврди дека соработува со македонската влада за справување со нелегалната миграција

    Филозофскиот факултет запишувал студенти на магистерски и докторски студии без дипломи

    Новоизбраниот градоначалник на Њујорк, Зохран Мамдани го предизвика Доналд Трамп во победничкиот говор

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.