Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Најнеодлучните луѓе на планетата се родени во овие 4 хороскопски знаци

    19/10/2026

    Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ одат во втор круг на изборите во Брвеница

    19/10/2026

    Земјоделките немаат породилно отсуство, осигурување и финансиска сигурност

    17/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Повикани 13 лица на разговор во полиција за ширењето паника за водата во Скопје
    Македонија

    Повикани 13 лица на разговор во полиција за ширењето паника за водата во Скопје

    14/08/20261 Min Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Министерството за внатрешни работи испитува 13 лица во врска со случајот на ширењето на лажните информации на социјалните мрежи за наводно загадување на водата за пиење во Скопје. Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика на МВР, со лицата извршил службен разговор, а сите изјавиле дека информациите ги објавиле или споделиле откако претходно виделе слична објава на социјалните мрежи или слушнале од друго лице. Притоа, никој од нив не посочил конкретен, потврден или веродостоен извор кој би ги поткрепил тврдењата за загадување на водата.

    Од МВР велат дека Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика ќе продолжи со прибирање и анализа на податоци со цел да се потврдат сите околности поврзани со настанот, како и начинот на кој информациите се појавиле и понатаму се ширеле во интернет просторот.

    „Апелираме до граѓаните да не споделуваат информации чија точност не е проверена и да се информираат исклучиво од официјални и релевантни извори. Одговорното користење на социјалните мрежи и проверката на информациите пред нивно објавување или споделување се од суштинско значење за спречување на дезинформации и заштита на јавниот интерес,“ велат од МВР.

    Поврзани вести

    Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ одат во втор круг на изборите во Брвеница

    19/10/2026

    Земјоделките немаат породилно отсуство, осигурување и финансиска сигурност

    17/10/2026

    Лани евидентирани 115 лица со мултиплекс склероза, 1.800 активно се лекуваат на клиника

    16/10/2026
    АКТУЕЛНО

    Најнеодлучните луѓе на планетата се родени во овие 4 хороскопски знаци

    19/10/2026

    Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ одат во втор круг на изборите во Брвеница

    19/10/2026

    Земјоделките немаат породилно отсуство, осигурување и финансиска сигурност

    17/10/2026

    40 години по катастрофата во Чернобил: радиоактивните честички се многу постабилни отколку што се мислеше

    17/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Деканите од Универзитетот во Нови Сад: Упадот во Ректоратот во Белград е удар врз автономијата на универзитетот

    Не би претпоставиле: Ова се деновите кога жените се најрасположени за секс

    Три хороскопски знаци влегуваат во најдобрата деценија од животот: годините што доаѓаат ќе им донесат успех и мир

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.