Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Најубавата жена на светот го прослави својот 62-ри роденден: „Не можеш да се бориш против стареењето“

    01/10/2026

    То Вима: Грција бара измени во македонските учебници поради наводни прекршувања на Договорот од Преспа

    01/10/2026

    Кејт Мидлтон откри која домашна обврска сака да ја извршува: „Навистина уживам во тоа“

    01/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Со „Атмолајз“ платформата базирана на ВИ, енергетските компании ќе можат да ја зголемат ефикасноста на соларните системи
    Македонија

    Со „Атмолајз“ платформата базирана на ВИ, енергетските компании ќе можат да ја зголемат ефикасноста на соларните системи

    29/07/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    „Атмолајз“ е нова платформа базирана на вештачка интелигенција која ќе им помага на компаниите од енергетскиот сектор да донесат одлуки кои се базирани на податоци и на тој начин да заштедат време и ресурси. Алатката има можности да следи и да собира податоци во реално време од различни извори како соларни системи, паметни броила, потрошувачка на енергија и тарифни модели, да прави предвидувања и да помогне во раното откривање на аномалии во работата на соларни системи, а со тоа и да превенира да се случат грешки или штети. Таа ќе анализира и временска прогноза и ќе ги советува соларните системи кога се најдобрите услови за работа и производство на енергија.

    „Влијанието на климатските промени се чувствува во работата на компаниите, а освен во енергетската индустрија, со Атмолајз може да се подобри работата и во земјоделството и градежништвото. Со системот се дигитализира работата на соларните енергетски системи, а сложените климатски и енергетски податоци ги претвора во одлуки,“ вели Симеон Маркоски извршен директор на „Силајз“.

    Посочува дека платформата нуди следење и детекција на аномалии, автоматизација на извештаи, препораки преку вештачка интелигенција, анализа на трошоци, енергетски прогнози и друго, а компаниите добиваат мониторинг во живо, податоци во реално време, предвидување, планирање и препораки за да донесат подобри одлуки.

    Маркоски го презентираше и гласовниот агент на македонски јазик наменет за компаниите и институците кои комуницираат со голем број клиенти. Според Марковски со автоматизацијата на телефонската комуникација за најчесто поставуваните прашања, закажувањето термини или испраќањето мејлови се постигнува поголема ефикасност кај операторите кои можат да одговорат на подинамични прашања од клиентите.

    Никола Ангеловски од Солвео ја презентираше платформата Фајндинг, базирана на вештачка интелигенција, преку која се олеснуваат можностите за изнаоѓање финансирање на проекти од европските фондови.

    „Преку платформата се унифицираат сите повици на едно место, а со помош на вештачката интелигенција се апдејтува содржината и се преведува на македонски јазик, со што сите корисници добиваат информации за актуелните повици и на разбирлив начин, вели Ангеловски.

    Маркоски беше дел од тимот, што го креираше победничкото решение „Најди аптека“ хакатонот за отворени податоци организиран од Фондација Метаморфозис во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско учество.

    Поврзани вести

    Министерството за транспорт го правда тендерот: Електричните автобуси се набавени законски

    30/09/2026

    Заради поплавата во зградата на „Нова Македонија“, вработените ќе работат од дома

    30/09/2026

    Петмина приведени за тероризам и трговија со оружје

    29/09/2026
    АКТУЕЛНО

    Најубавата жена на светот го прослави својот 62-ри роденден: „Не можеш да се бориш против стареењето“

    01/10/2026

    То Вима: Грција бара измени во македонските учебници поради наводни прекршувања на Договорот од Преспа

    01/10/2026

    Кејт Мидлтон откри која домашна обврска сака да ја извршува: „Навистина уживам во тоа“

    01/10/2026

    Министерството за транспорт го правда тендерот: Електричните автобуси се набавени законски

    30/09/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Генералката на Скопје од 72 часа заврши, Ѓорѓиевски вели градот е чист

    Во Куманово владеjачката коалиција има мнозинство во Советот, втор круг за градоначалник

    Со изјава кај матичниот доктор секој ќе може да се изјасни дали сака да биде дарител на органи

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.