Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Видео) Бигорот исчезнува за миг: Вашата туш-кабина ќе блесне со помош на еден производ

    11/11/2026

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    (Видео) Сè повеќе луѓе користат еден трик пред да ја вклучат машината за миење садови

    11/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Кос: Потребен е политички консензус за Изборниот законик за Македонија да добие 4 милиони евра
    Македонија

    Кос: Потребен е политички консензус за Изборниот законик за Македонија да добие 4 милиони евра

    08/07/20265 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Спроведовте 90 отсто од 10 реформи кои требаше да се исполнат до 15 јули, а тие 10 отсто се всушност Изборниот законик кој треба да биде усвоен. Затоа ги повикувам на консензус сите политички партии бидејќи тоа ќе биде од корист на државата, така пристапните преговори ќе се придвижат напред, изјави денеска на прес-конференција во Владата евроокомесарката за проширување Марта Кос. Во суштина, носењето на Изборниот законик е само дел од Планот за раст на ЕУ кои важи за сите земји кандидатки, додека за Македонија формално да ги почне пристапните преговори, односно да ги отвори кластерите со преговарачките поглавја треба да се испочитува предусловот во преговарачката рамка со ЕУ според кој Бугарите треба да се вметнат во преамбулата на македонскиот Устав.

    „Во сржта на пристапниот процес се наоѓаат реформите и конкретните придобивки за граѓаните, поголеми можности за младите кои ќе придонесат кон попросеритетна економија. Гледаме охрабрувачки чекори во таа насока. РСМ е меѓу најдобрите изведувачи зашто е усогласена со европските стандарди и затоа РСМ се квалификуваше во земји со дополнителни средства за планот за раст. Ова многу го дискутиравме. Може да дојдете до врвот само зашто ги испорачувате очекувањата. Вашата земја се наоѓа токму во таа група. За реформите, тие не се работа само на Владата и Собранието, туку тоа е национален проект во кој сите засегнати страни треба да бидат вклучени.  Ќе се започнат преговори за укинување на роаминг во земјата, што значи нема да има доплнителни надоместоци за мобилнат телефонија. Градиме клучни транспортни рути од Албанија до Бугарија и од Србија до Грција, за да се подобри поврзаноста во ЕУ. 40 илјади размени поддржа ЕУ преку Еразмус програмата. Ја поврзуваме РСМ со ВИ преку „Везилка“. РСМ се придружи на програмата за здравство од ЕУ со што се отвора патот кон пари од ЕУ за подобрување на здравството и негата. Ќе се приклучите и кон сајбер безбедноста во рамки на програмата на ЕУ, па со тоа РСМ ќе може да се потпира на поддршка за сајбер безбедност во случај да се соочите со сајбер напади. Скопје ќе биде европска престолнина и тоа ќе се случува во текот на мојот мандат“, изјави Кос.

    Таа потсети дека полноправното членство ќе донесе уште поголеми придобивки, еднакви права и можности за граѓаните и бизнисите и поддршка за изградба на инфраструктурата.

    „Земјата ќе добие многу повеќе. Во регионот Црна Гора е предводник, тие ќе добијат три пати повеќе пари откако ќе се приклучат во ЕУ, споредбено со она што го добиваат сега. Истото го сакаме и за РСМ. Но, уставните измени се неопходен чекор за пристапни преговори и затоа ја охрабрувам Владата да го започне прроцесот за измени на Уставот. Процесот напредува, во и зминатата година и пол направивме многу повеќе отколку во претходните 15 години. РСМ треба да е меѓу тие кои се движат напред, имате ваше место во ЕУ и дозволете ни да работиме заедно и ние ЕУ“, додаде еврокомесарката Кос.

    Премиерот Христијан Mицкоски очекувал евроинтеграцијата да не биде оптоварена со билатерални прашања кои создавале неизвесност и фрустрација кај граѓаните, а истовремено верувал дека денешните разговори ќе придонесат „за натамошно зајакнување на партнерството со ЕУ“.

    На новинарско прашање, кој е планот Б за Македонија ако нема гаранции, тој кажа дека денеска е убав ден зашто, како што рече, „сите ние слушнавме дека работиме многу фокусирано на реформската агенда и како резултат на таа посветена работа, ќе добиеме дополнителни средства кои ги заслуживме со напорна работа“.

    „Ние како Влада сме фронтранери кога станува збор за брзината и посветеноста во работата. За нас нема друга опција освен ЕУ. Во врска со Изборниот законик, партијата Левица рече „не сме со вас да се потшишеме на овој предлог“. Овие неколку дена се случува политичка гимнастика, но вистината е дека сè беше договорено до моментот додека тој предлог не дојде во Парламентот. И тогаш и СДСМ почна да се однесува исто како Левица. Се обидуваат од ова да направат естрада. На вчерашната координација во Собрание, нашиот став беше – договорете се вие во опозиција и тоа што ќе се договорите ние ќе го прифатиме. И сега еве ја испраќам пораката, договорете се, дајте ни текст, ние ќе го прифатиме. Но, ние немаме усогласен текст. Средина на јули ќе дојде, би било штета да изгубиме 4 милиони евра“, кажа Мицкоски.

    Одговарајќи на новинарско прашање, Кос истакна дека Планот за раст е нов начин на кој ЕУ се ангажира во земјите кандидатки за членство.

    „Ова не е некакво милосрдие, ние даваме заеми и грантови на земјите кандидати само ако тие испорачаат. Ако се изгласа Изборниот законик земјата ќе добие над 4 милиони евра. Ова е за да се направи нешто добро за луѓето и земјата. Охрабрени сме што РСМ направи ваков скок на првите позиции кога станува збор за реформите од Планот за раст. Тоа покажува дека таму каде што има политичка волја, Владата може да испорача. 750 милиони се за земјата и Владата ќе ги добие откако ќе ги испорачаат реформите, а тие пари може да се искористат за граѓаните. Вие го исполнувате тоа и ние тогаш испорачуваме. Тоа ќе биде и начелото кое ќе го користиме во новиот буџет за ЕУ до 2034 и за земјите членки. Сакаме да ги инвестираме парите на нашите даночни обврзници во земјите кандидати за да ги подготвиме за пристапниот процес и затоа за мене, охрабрувачки е што вие го испорачувате тоа“, кажа Кос.

    Поврзани вести

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    Има истраги, но нема казни: ЕУ ја критикува Македонија за резултатите во борбата против корупцијата и Кривичниот законик

    10/11/2026

    Средба на амбасадорот Рокас и министерот Шасивари: Препораките за реформи во правосудството мора да се реализираат

    10/11/2026
    АКТУЕЛНО

    (Видео) Бигорот исчезнува за миг: Вашата туш-кабина ќе блесне со помош на еден производ

    11/11/2026

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    (Видео) Сè повеќе луѓе користат еден трик пред да ја вклучат машината за миење садови

    11/11/2026

    Почна Парискиот мировен форум со посебен фокус на правата на децата

    10/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Трамп најавува намалување на активностите, а истовремено испраќа повеќе маринци на Блискиот исток

    (Видео) Секвоја висока 44,7 метри е највисокото живо божиќно дрво во светот

    Мицкоски: Се потврдуваат тезите дека Бугарите сакаат комплетно редефинирање на македонскиот идентитет

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.