Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Како да воспитате дете кое размислува со своја глава: Пет совети за родителите

    22/10/2026

    Станбените кредити за една година пораснале за 16 отсто

    21/10/2026

    Запленет лек за рак што бил шверцуван во автобус на граничниот премин Богородица

    21/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»В сабота матурантите ќе полагаат државна матура
    Македонија

    В сабота матурантите ќе полагаат државна матура

    04/06/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    На 6 јуни (сабота), со почеток од 9 часот, учениците кои пријавиле полагање државна матура ќе го полагаат првиот екстерен предмет. Пријавените кандидати ќе ги полагаат тестовите по англиски, германски, француски, италијански и руски јазик, како и по математика (зависно кој што одбрал). Истиот ден, учениците кои пријавиле државна стручна матура, ќе полагаат англиски јазик и математика, а матурантите кои пријавиле уметничка матура ќе полагаат англиски јазик или историја.

    Испитите по мајчин јазик ќе се реализираат на 11 и на 12 јуни. Учениците кои пријавиле државната матура ќе полагаат на 11 јуни, а матурантите кои пријавиле државна стручна или државната уметничка матура, мајчин јазик ќе полагаат на 12 јуни, со почеток од 9 часот.

    Испити на крајот на средното образование, односно екстерни испити годинава ќе полагаат 14.587 ученици. Државна матура се пријавиле да полагаат 12.184 матуранти, стручна ќе полагаат 2.276 ученици, а уметничка матура ќе полагаат 127 ученици.

    Мета веќе објави дека полагањето државна матура, државна стручна матура и државната уметничка матура, годинава ќе се одвива според новата концепција со изменети испитни програми за учениците од стручно и уметничко образование, а за гимназиското остануваат истите испитни програми. Тестовите по предметите немало да се исти за сите ученици како досега, туку оваа година за прв пат ќе се полага согласно наставните програми за гимназиско, стручно и уметничко образование.

    „Поради помалиот фонд на часови по мајчин јазик во стручните и уметничките училишта, беа изработени нови испитни програми во соработка со Бирото за развој на образованието. Тестовите се усогласени со наставните програми, со цел учениците да можат соодветно да одговорат на прашањата. Подготовките за организација на испитите течат“, вели Јовчевска Михајловска.

    На платформата matura.gov.mk е достапен базен на прашања и тестови што биле користени од 2008 година досега, каде матурантите можат да вежбаат и да се подготвуваат за испитите.

    Полагањето втора година по ред ќе се организира во амфитеатри, предавалници, читалници и фискултурни сали. За училиштата кои немаат соодветен простор ДИЦ е предвидено да обезбеди дополнителни локации. Во Скопје, дел од матурантите ќе полагаат на повеќе локации, ќе се полага на УКИМ, оние од Штип ќе полагаат на УГД на УКЛО, Еконосмки факултет во Прилеп, ДУТ, Штулов. Дел од училиштата ќе ја реализираат матурата во училишните спортски сали и холови.

    Поврзани вести

    Станбените кредити за една година пораснале за 16 отсто

    21/10/2026

    Запленет лек за рак што бил шверцуван во автобус на граничниот премин Богородица

    21/10/2026

    Раѓање повеќе деца или увоз на странски работници, според премиерот Мицкоски, се опциите за одржување на растот на македонската економија

    20/10/2026
    АКТУЕЛНО

    Како да воспитате дете кое размислува со своја глава: Пет совети за родителите

    22/10/2026

    Станбените кредити за една година пораснале за 16 отсто

    21/10/2026

    Запленет лек за рак што бил шверцуван во автобус на граничниот премин Богородица

    21/10/2026

    Во тек се големи апсења во Нови Сад и Краљево за наводни планирања на немири на денот на изборите во Србија

    21/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Камерниот оркестар Профундис со настап на отворањето на „Мјуз-Екс Експо фестивал“ во Тирана

    Нови потпретседатели на СДСМ се Александар Трајановски и Јована Тренчевска

    „Безбеден град“ стартува со зголемена толеранција, прагот постепено ќе се намалува

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.