Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Повторно вљубена во поранешното момче, Аријана Гранде планира брак

    27/11/2026

    Три хороскопски знаци наскоро ги очекува огромна среќа: животот им подготвува неверојатен подарок

    27/11/2026

    Кравите од Крива Паланка ќе одат во затвор: Привремено ќе бидат сместени во КПД Идризово и КПД Прилеп

    27/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Центарот за македонски јазик од Лерин апелира за финансиска поддршка за две судења во Врховниот суд на Грција
    Македонија

    Центарот за македонски јазик од Лерин апелира за финансиска поддршка за две судења во Врховниот суд на Грција

    28/05/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Овие седум лица беа членови на управниот одбор на здружението, кое беше судски признато. По судското признавање на здружението, беа покренати две тужби против неговото признавање. Првата од страна на јавниот обвинител на Лерин и здружението Панмакедоники – сојуз на македонската борба на Грција – Австралија, каде што се вмешаа и други лица (физички и правни). И втората од јавниот обвинител на Лерин и здружението Панхеленско здружение на потомци на македонските борци Павлос Мелас.

    Најпрво беа донесени две подеднакво историски одлуки за зачувување на фундаменталните права со кои му се дозволи работата на Центарот за македонскиот јазик во Грција. Сепак, противниците на Центарот поднесоа две жалби против тие две историски одлуки, кои беа прифатени од Апелацискиот суд, кој ги усвои ставовите на противниците кои тврдеа дека се создава конфузија околу целите на здружението чие постоење е закана за јавниот ред во Грција. Апелацискиот суд со две одлуки нареди распуштање на здружението.

    Двете судења против двете одлуки на Апелацискиот суд ќе се одржат на 21 септември 2026 година во Врховниот (Касациониот) суд на Грција. Во случај Врховниот суд да донесе две негативни одлуки, слично како и Апелацискиот суд, Центарот за македонски јазик во Грција ќе поднесе жалба до Европскиот суд за човекови права во Стразбур, каде што досега здруженијата за правата на малцинствата во Грција секогаш добиваа правда.

    За трошоците на двете судења во Врховниот суд на Грција (судски трошоци, даноци, адвокатски трошоци) мора да се соберат 10.000 (десет илјади) евра до 15 септември 2026 година.

    Центарот за македонски јазик во Грција апелира за финансиска поддршка со кој било паричен износ со цел да се покрие износот од 10.000 евра. Тие бараат поддршка за клучната правна борба за фундаментални права во Грција.

    Донацијата може да се изврши и преку Македонското меѓународно движење за човекови права или преку директен контакт 1-416-850 7125, [email protected].

    Поврзани вести

    Кравите од Крива Паланка ќе одат во затвор: Привремено ќе бидат сместени во КПД Идризово и КПД Прилеп

    27/11/2026

    Од 1 декември поскапува парното во Скопје

    27/11/2026

    Околу 2,2 милиони евра незаконски наплатени од фирмите за брзи кредити ќе им се вратат на граѓаните

    26/11/2026
    АКТУЕЛНО

    Повторно вљубена во поранешното момче, Аријана Гранде планира брак

    27/11/2026

    Три хороскопски знаци наскоро ги очекува огромна среќа: животот им подготвува неверојатен подарок

    27/11/2026

    Кравите од Крива Паланка ќе одат во затвор: Привремено ќе бидат сместени во КПД Идризово и КПД Прилеп

    27/11/2026

    Од 1 декември поскапува парното во Скопје

    27/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Зоран Ристоски избран за директор на МРТ, во трка биле шест кандидати

    Патување низ различни музички светови со осмомартовскиот концерт на „Охридско лето“

    New Soundboard from Bose Review: Pricing is Not Always the Only Criteria

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.