Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Фото) Чоколадно-кафеавата боја доби конкуренција: еве ја бојата што ќе ја носиме оваа есен

    25/09/2026

    8 јасни знаци кои откриваат луѓе со ниска интелигенција

    25/09/2026

    Муцунски-Пирс во Њујорк: Во фокусот регионалната безбедност, реформите и европската перспектива

    24/09/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Политика»Мицкоски: Реформите ќе ги завршиме, но ако нè блокираат поради билатерални спорови ќе се бориме на друг начин
    Политика

    Мицкоски: Реформите ќе ги завршиме, но ако нè блокираат поради билатерални спорови ќе се бориме на друг начин

    26/05/20263 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    „Ние ќе се фокусираме на испораката и реформите дома, кои се дел од Планот за раст и реформската агенда и тука во јануарскиот извештај на ЕК ние сме вистинските фронтранери бидејќи најголемиот дел од средствата која ЕК ги дава ќе бидат исплатени кон нашата Влада, втора е Албанија а трета е Црна Гора. Очекуваме оваа динамика да биде и со следниот полугодишпен извештај. Нашата стратегија е да ги завршиме реформите дома бидејќи тие ни требаат нас. Втора работа која што исто така сме спремни да ја испорачаме тоа е Акцискиот план за малцинства што го работевме заедно со Брисел и експерти препорачани од ЕК. Тој е готов и чекаме зелен сигнал од Брисел да помине на владина седница. Ние испорачуваме тоа што зборуваме“, рече Мицкоски.

    За жал, продолжи тој, се додека билатералните спорови и т.н. булинг кон нас од некои земји членки, во случајот една земја – членка се наша препрека за да бидеме дел од тоа семејство, она што одамна го залуживме ќе се одалечува и ќе се одалечува, но ние не губиме надеж, не губиме енергија, туку напротив ќе продолжиме силно да работиме, како што работиме овие нецели две години како што сме избрани како Влада и очекуваме дека ќе ја добиеме таа шанса да бидеме дел од тоа семејство во кое што сме таму.

    „Но, нема повеќе можности за идентитестки отстапки, нема повеќе можности кога станува збор за нашите би рекол национални одредници, колкава и да е таа цена којашто треба да ја платиме, ако е тоа цената која што треба да ја платиме и покрај тоа што сме вистинскиот фронтранер, оваа влада е подготвена да ја плати таа цена. Ќе чекаме други подобри времиња. Ако навистина билатералните прашања се тие коишто треба да го судат нашиот европски пат тогаш ние ќе се бориме на друг начин“, рече Мицкоски.

    Нашата стратешка цел е да бидеме дел од Европската унија и тој пат го почнавме пред 26 години со потпишување на Договорот за стабилизација и асоцијација, појасни во одговорот премиерот.

    „Заедно со Република Хрватска го добивме статусот кандидати, заедно со Република Хрватска од страна на таа ЕК во 2009 го добивме позитивниот извештај за да почнеме преговори.  За жал нашиот пат тука отиде во друга насока. Нашиот пат тука во рамките на ЕУ се претвори во билатерализација на тој процес. Позначајни беа билатералните прашања, отколку објективните копенхагенска критериум и мерит базираното приклучување кон ЕУ, што кај нас како македонски граѓани создаде многу фрустрации бидејќи цениме дека многу одамна го заслуживме нашето место во рамкте на тоа семејство“, рече Мицкоски.

    Повторно сега, додаде тој, имаме уште едно такво барање.

    „За жал, тоа го прифати претходната влада мислејќи дека ако добијат бел лист на маса и го потпишат истиот ќе останат да бидат влада и во иднина. Не успевајќи да испорачаат дома, обременети со криминал и корупција и на тој начин они не сватија дека дополнително го отежнуваа процесот на интеграција на државата во рамките на ЕУ.  Нашата стратегија како Влада е поинаква“, рече Мицкоски.

    Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изјави дека овие прашања за менување на уставот и барањата на Бугарија се многу важни и потези со далекусежно влијание.

    „Во последните 25 години за неправдата врз Македонија нема никакво оправдување. Го ценам ентузијазмот за членство во ЕУ и покрај сите обиди и блокади кои се неблагодарни“, рече Пленковиќ.

    Договорот за стратешко партнерство што денеска беше потпишан, според хрватскиот премиер, рече дека поттик за развој на поголема економска соработка.

    „Овде има многу хрватски инвестиции. Во стратешката рамка ќе гледаме тоа да се забрза и да се зголеми бројот на субјекти“, рече Пленковиќ додавајќи дека во составот на нивната делегација има претставници на најголемите компании.

    Поврзани вести

    Муцунски-Пирс во Њујорк: Во фокусот регионалната безбедност, реформите и европската перспектива

    24/09/2026

    Вајц: Ако граѓаните не веруваат дека правдата важи за сите, младите ќе ја напуштаат земјата

    24/09/2026

    Сали: Комуникацијата со Софија треба да се води со присуство на официјални лица од Европската комисија или од Европскиот совет

    24/09/2026
    АКТУЕЛНО

    (Фото) Чоколадно-кафеавата боја доби конкуренција: еве ја бојата што ќе ја носиме оваа есен

    25/09/2026

    8 јасни знаци кои откриваат луѓе со ниска интелигенција

    25/09/2026

    Муцунски-Пирс во Њујорк: Во фокусот регионалната безбедност, реформите и европската перспектива

    24/09/2026

    Вајц: Ако граѓаните не веруваат дека правдата важи за сите, младите ќе ја напуштаат земјата

    24/09/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Милчо Манчевски доби награда за достигнување во светскиот филм на фестивал во Италија

    Иновација во циркуларната економија и креативните индустрии

    Сијарто: Унгарски МОЛ ќе ги зголеми испораките на нафта кон Србија по американските санкции против НИС

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.