Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Хера: Сексуалното образование им помага на младите да препознаат ризик, да постават граници и да кажат не

    10/09/2026

    Османи вели дека комуницирале со ВМРО-ДПМНЕ и напролет очекува предвремени избори

    10/09/2026

    Кога е најдобро време да пиете кафе за да ја зголемите вашата енергија

    09/09/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»„Битка меѓу книгата и алгоритмите“, Фондацијата Марјановиќ го поттикнува читањето кај децата
    Македонија

    „Битка меѓу книгата и алгоритмите“, Фондацијата Марјановиќ го поттикнува читањето кај децата

    22/05/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Фондацијата „Ѓорѓи Марјановиќ“ се вклучува во борба за зачувување на книгата во ерата на дигиталните алгоритми. По повод 24 Мај, денот на сесловенските просветители св. Кирил и Методиј,  во Штип се одржа третото стручно советување на тема „Читањето во ерата на екраните – битка помеѓу алгоритмите и книгата“.

    Настанот, организиран помеѓу Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, Фондацијата „Ѓорѓи Марјановиќ“, редакцијата „Детска радост“ и клучните здруженија на просветни работници од Скопје, Куманово и Штип, доби  реагионален интерес, обединувајќи наставниви и професори од целиот регион околу заедничка цел.

    Од Фондацијата велат дека серијалот на советувања бил заедничка иницијатива со уредничката во „Просветно дело“, Ксенија Маказлиева-Трајчева, откако националниот натпревар во раскажување книги се покажал како силен поттик за интересот кај децата.

    Kако што посочува г-ѓа Маказлиева во својата изјава, “за да раскажуваат, децата мора прво да читаат’, па оттука сите теренски и научни активности природно се поврзале со Натпреварот како своевидно големо финале на овој процес.

    Од Фондацијата, како што наведуваат, сите теренски и научни активности природно се поврзале со Натпреварот како своевидно финале на тој процес.

    Во соопштение од Фондацијата се наведува и дека деканот на Факултетот за образовни науки, проф. д-р Трајче Стојанов нагласил дека постои итна потреба од едукација за читање во време кога научните истражувања укажуваат на значајни разлики во когнитивниот развој при читање од книга наспроти екран.

    Во обраќање, Александар Марјановиќ ја посочи, како што рече, суштината на предизвикот со кој се соочува современото општество, силната конкуренција на мобилните телефони и алгоритмите кои се борат за вниманието на децата.

    Тој истакна дека целта е да се продолжи идејата на професорот Ѓорѓи Марјановиќ, „Македонија да е пристојно место за живеење“, нагласувајќи дека преку Академијата за идни лидери се работи на обликување на младите, но дека процесот започнува од книгата и писменоста.

    „Денес мобилните телефони влијаат врз детскиот мозок на начин кој создава сериозна зависност, и затоа наша должност е да ги прошириме активностите и заедно со просветните работници да ја поттикнеме автентичната љубов кон читањето“, истакна Марјановиќ.

    Според Фондацијата, настанот е силен поттик во пресрет на големото суперфинале на Натпреварот во раскажување кое ќе се одржи во јуни.

    Поврзани вести

    Хера: Сексуалното образование им помага на младите да препознаат ризик, да постават граници и да кажат не

    10/09/2026

    Ветерниот парк во Штип ќе обезбедува енергија за над 140.000 домаќинства

    09/09/2026

    Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти

    09/09/2026
    АКТУЕЛНО

    Хера: Сексуалното образование им помага на младите да препознаат ризик, да постават граници и да кажат не

    10/09/2026

    Османи вели дека комуницирале со ВМРО-ДПМНЕ и напролет очекува предвремени избори

    10/09/2026

    Кога е најдобро време да пиете кафе за да ја зголемите вашата енергија

    09/09/2026

    Вилијам Болдвин за конфликтот со Шерон Стоун: „Никогаш повеќе нема да работам со неа“

    09/09/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Магла на скопскиот аеродром, до пладне слетале само два авиони, откажани 20 летови

    Амбасадорoт на Русија во посета на Општина Куманово

    Судијаката Ана Рејес го блокираше одземањето на заштитениот статус на 350.000 Хаиќани од страна на администрацијата на Трамп

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.