Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Најнеодлучните луѓе на планетата се родени во овие 4 хороскопски знаци

    19/10/2026

    Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ одат во втор круг на изборите во Брвеница

    19/10/2026

    Земјоделките немаат породилно отсуство, осигурување и финансиска сигурност

    17/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Повредена слободата на изразување на новинарот Давид Илиески, утврди Уставниот суд
    Македонија

    Повредена слободата на изразување на новинарот Давид Илиески, утврди Уставниот суд

    29/04/20263 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Уставниот суд утврди повреда на слободата на изразување на новинарот Давид Илиески и ѝ наложи на Развојната банка на Северна Македонија да ги достави бараните информации од јавен карактер во рок од осум дена по објавувањето на одлуката во „Службен весник“.

    Одлуката била донесена едногласно на денешната седница на Судот, а се однесува на барање за пристап до информации поднесено во октомври 2025 година. Судот оценил дека банката не постапила по извршно решение на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, со што директно го повредила правото на новинарот да прима информации.

    „Судот утврди дека станува збор за повреда на слободата на мислата и јавното изразување на мислата која била сторена со дејствие, во форма на пропуштање, односно неизвршување на обврзувачка одлука од Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер (АСПИ)“, наведува Судот во образложението.

    Во постапката бил применет т.н. „трипартитен тест“ што го користи Европскиот суд за човекови права, при што Уставниот суд утврдил дека одбивањето да се достават информациите не е засновано на закон, нема легитимна цел и не е неопходно во едно демократско општество. Судот посочува дека повикувањето на банкарска тајна не може да биде оправдување за ограничување на пристапот до информации од јавен интерес.

    „Непостапувањето по извршно решение не може да се смета за ограничување пропишано со закон, туку напротив, станува збор за ограничување спротивно на закон“, се наведува во одлуката.

    Случајот се однесува на новинарско барање за информации поврзани со користење јавни средства од страна на Развојната банка, која е во државна сопственост. Иако надлежната Агенција во два наврати наложила целосно доставување на податоците, банката испратила само делумни, агрегирани информации, без конкретни податоци за компаниите и проектите кои добиле финансиска поддршка.

    Уставниот суд оцени дека ваквото постапување го поткопува принципот на транспарентност и владеењето на правото, нагласувајќи дека правото на пристап до информации е составен дел од слободата на изразување.

    „Слободата на примање и пренесување информации претставува нормативна разработка на слободата на јавното изразување на мислата бидејќи таа е нераскинлив дел од пошироката слобода на изразување. Повредата на слободата на јавно информирање не е само процесна туку се трансформира во континуирано попречување на правото да се примаат информации, а со тоа попречување на слободата на јавно изразување на мислата“, стои во одлуката.

    Од Судот потенцираат дека оваа одлука претставува значаен преседан, бидејќи за првпат е применета можноста да се утврди конкретен рок и начин за отстранување на последиците од повредата на уставно загарантираните права.

    Поврзани вести

    Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ одат во втор круг на изборите во Брвеница

    19/10/2026

    Земјоделките немаат породилно отсуство, осигурување и финансиска сигурност

    17/10/2026

    Лани евидентирани 115 лица со мултиплекс склероза, 1.800 активно се лекуваат на клиника

    16/10/2026
    АКТУЕЛНО

    Најнеодлучните луѓе на планетата се родени во овие 4 хороскопски знаци

    19/10/2026

    Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ одат во втор круг на изборите во Брвеница

    19/10/2026

    Земјоделките немаат породилно отсуство, осигурување и финансиска сигурност

    17/10/2026

    40 години по катастрофата во Чернобил: радиоактивните честички се многу постабилни отколку што се мислеше

    17/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Серафимов е дел од историја, Левски за првпат после 17 години стана првак (ВИДЕО)

    Сиљановска-Давкова на средба со претставници на АЛДЕ

    Трамп му даде рок на Иран до 15 дена за да се постигне договор за нивната нуклеарна програма

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.