Македонската машка кадетска репрезентација ја запиша и втората победа на Светското училишно првенство во ракомет, откако славеше против Грузија со убедливи 13-46 (6-23).
За разлика од првиот натпревар против Бугарија, нашите млади ракометари одиграа стабилно и квалитетно уште во првото полувреме во кое беа подобри со 6-23.
Македонската репрезентација продолжи да доминира и во вторите 30 минути. После 20 минути игра резултатот беше 12-41, уште една потврда дека бодовите ќе останат на нашето конто.
Најдобри стрелци во нашиот табор беа Симоновски со 15 и Георгиев со девет погодоци.

