Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Фото) Чоколадно-кафеавата боја доби конкуренција: еве ја бојата што ќе ја носиме оваа есен

    25/09/2026

    8 јасни знаци кои откриваат луѓе со ниска интелигенција

    25/09/2026

    Муцунски-Пирс во Њујорк: Во фокусот регионалната безбедност, реформите и европската перспектива

    24/09/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Свет»Тетовец спасувал животи во Осло откако пожар избувнал во станбена зграда
    Свет

    Тетовец спасувал животи во Осло откако пожар избувнал во станбена зграда

    14/04/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Кога од соседната зграда во Холмлија, јужно од Осло, почна да се крева црн чад, Беким Ахмеди од Тетово и Магнус Кевин Стриге ги зедоа работите во свои раце за да им помогнат на своите соседи, пренесува Порталб.мк од VG.no.

    Во неделата 29-годишникот од Тетово слушнал врисоци кои доаѓале од соседната зграда и веднаш го зел противпожарниот апарат и се упатил кон зградата од која излегувал чадот.

    „Кога стигнав таму, насекаде видов многу чад. На почетокот мислев дека гори стан, но пожарот беше во ходникот“, изјавил Ахмеди за VG.

    За да помогне излегол и 26-годишниот Магнус Кевин Стриге. Тие објасниле дека ја отвориле вратата од зградата и се обиделе да го изгаснат пожарот.

    „Си рековме еден на друг да земеме еден длабок здив. Потоа го направивме тоа заедно“, изјавил Стриге за VG.

    Двајцата легнале на стомак и почнале да лазат кон огнот, низ чадот. Беким вели дека немал време да размислува за ништо друго освен за луѓето што живеат во зградата.

    „Таму има многу семејства и деца. Мора да се реагира брзо за да го спречите. Мојата единствена мисла беше само да се обидам. Во тие моменти не размислуваш многу. Едноставно правиш што можеш“, рече Ахмеди.

    И Ахмеди и Стриге имале тешкотии со дишењето и сега се задржани за наблудување во болницата Улевал.

    Полицијата била известена за пожарот во 16:05 часот, по што полицијата, пожарникарите и медицинските служби биле испратени во Холмлија. По пожарот во болница биле однесени 16 лица.

    Поврзани вести

    Цените на нафтата скокнаа за повеќе од три долари по израелските напади врз Либан и Иран

    08/06/2026

    Украина погоди руски товарни бродови во Азовското Море

    05/06/2026

    Треба да го спречиме развојот на вештачката интелигенција без луѓе, вели ко-основачот на Антропик

    05/06/2026
    АКТУЕЛНО

    (Фото) Чоколадно-кафеавата боја доби конкуренција: еве ја бојата што ќе ја носиме оваа есен

    25/09/2026

    8 јасни знаци кои откриваат луѓе со ниска интелигенција

    25/09/2026

    Муцунски-Пирс во Њујорк: Во фокусот регионалната безбедност, реформите и европската перспектива

    24/09/2026

    Вајц: Ако граѓаните не веруваат дека правдата важи за сите, младите ќе ја напуштаат земјата

    24/09/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Пентагон повлекува илјадници војници од Германија, НАТО под притисок

    Почина актерот Чак Норис

    (Фото) Раскошните облини на свршеницата на Роналдо се вистински рај за очите: „Тој е среќен човек“

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.