Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Фото) Чоколадно-кафеавата боја доби конкуренција: еве ја бојата што ќе ја носиме оваа есен

    25/09/2026

    8 јасни знаци кои откриваат луѓе со ниска интелигенција

    25/09/2026

    Муцунски-Пирс во Њујорк: Во фокусот регионалната безбедност, реформите и европската перспектива

    24/09/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Политика»Муцунски: Националните интереси не се само политика – тие се секој македонски граѓанин, каде и да се наоѓа
    Политика

    Муцунски: Националните интереси не се само политика – тие се секој македонски граѓанин, каде и да се наоѓа

    14/03/20263 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Тој посочи дека изминатата година за Министерството за надворешни работи и надворешна трговија била особено предизвикувачка во делот на кризниот менаџмент, бидејќи институцијата трипати се соочила со сложени ситуации од голем логистички и безбедносен карактер.

    „За нас како институција, последната година во делот на кризниот менаџмент беше навистина предизвикувачка и сложена. Ова е трет пат да се соочиме со криза од ваков логистички калибар, која пред сè има човечка и безбедносна димензија“, истакна Муцунски.

    Тој потсети дека по трагедијата во Кочани, МНРиНТ било клучен учесник во процесот на извлекување на 115 повредени македонски граѓани, нивното лекување во странство и нивното враќање во државата. Неколку месеци подоцна следела безбедносната криза помеѓу Иран и Израел, кога била организирана евакуација на македонски државјани од погодениот регион.

    Муцунски нагласи дека и во последната криза државата повторно успешно реагирала, иако ситуацијата била дополнително сложена, поради фактот што македонски граѓани живеат и престојуваат во повеќе земји од регионот на Блискиот Исток, меѓу кои Обединетите Арапски Емирати, Кувајт, Бахреин, Саудиска Арабија, Катар и Израел.

    „Сметам дека во сите три ситуации постапивме успешно како институција, а и повратните реакции од граѓаните покажуваат дека државата стои зад нив и дека можат да сметаат на поддршка во најтешките моменти“, посочи министерот.

    Тој истакна дека особено се гордее со фактот што со четирите организирани евакуациони летови биле извлечени и 78 странски државјани, што, како што нагласи, ја позиционира Македонија како пример на регионално лидерство и солидарност.

    „Во минатото знаевме да бидеме држава која единствено бара солидарност. Денес сме држава која во кризни и тешки времиња нуди солидарност на своите соседи и на своите меѓународни партнери“, изјави Муцунски.

    Во рамки на спроведената операција, со четири организирани летови беа евакуирани вкупно 458 патници, од кои 380 македонски државјани и 78 странски државјани.

    Муцунски нагласи дека овие активности претставуваат потврда дека државата има капацитет брзо и ефикасно да реагира во кризни ситуации, штитејќи ги своите граѓани каде и да се наоѓаат, но и помагајќи им на пријателските земји кога тоа е потребно.

    Тој истакна дека во вакви операции клучен приоритет е безбедноста на граѓаните.

    „Најважно е во целиот процес да не дозволите ниту еден македонски граѓанин да биде доведен во безбедносен ризик. Зад ваквите операции стои многу работа во позадина и координација на повеќе институции“, посочи Муцунски.

    Министерот нагласи дека особено значајна е улогата на дипломатско-конзуларните претставништва, кои заедно со Министерството за надворешни работи и надворешна трговија учествувале во организирањето на целиот процес.

    „Тука се гледа и добрата соработка меѓу државите, но и позиционираноста на нашата држава. Нашите дипломатско-конзуларни претставништва буквално работеа деноноќно, што го потврдува и позитивниот фидбек од граѓаните“, нагласи Муцунски.

    На крајот, министерот порача дека грижата за македонските граѓани е основна обврска на државата.

    „Ниту има потреба од честитки и благодарност. Кога сте македонски граѓанин, треба да знаете дека имате држава и институции кои стојат зад вас. Националните интереси секогаш ќе бидат заштитени, но националните интереси не се само политика – тие се секој еден македонски граѓанин, каде и да се наоѓа надвор од границите на државата“, истакна Муцунски.

     

    Поврзани вести

    Муцунски-Пирс во Њујорк: Во фокусот регионалната безбедност, реформите и европската перспектива

    24/09/2026

    Вајц: Ако граѓаните не веруваат дека правдата важи за сите, младите ќе ја напуштаат земјата

    24/09/2026

    Сали: Комуникацијата со Софија треба да се води со присуство на официјални лица од Европската комисија или од Европскиот совет

    24/09/2026
    АКТУЕЛНО

    (Фото) Чоколадно-кафеавата боја доби конкуренција: еве ја бојата што ќе ја носиме оваа есен

    25/09/2026

    8 јасни знаци кои откриваат луѓе со ниска интелигенција

    25/09/2026

    Муцунски-Пирс во Њујорк: Во фокусот регионалната безбедност, реформите и европската перспектива

    24/09/2026

    Вајц: Ако граѓаните не веруваат дека правдата важи за сите, младите ќе ја напуштаат земјата

    24/09/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Повторно средба на двајцата современи музички визионери: Џијан Емин и Франческо Тристано заедно со Бамбергер Симфоникер

    „Шаоми“ претстави повеќе новитети од ерата на вештачката интелигенција

    Пресврт на судбината по Велигден: Овие четири знаци ќе живеат кралски

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.