Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Лани евидентирани 115 лица со мултиплекс склероза, 1.800 активно се лекуваат на клиника

    16/10/2026

    Ново големо ажурирање на „Where Winds Meet“ со нова зона наречена „Qinzhou“

    16/10/2026

    (Видео) Први снимки од бремената Хилари Свонк: Го очекува своето трето дете на 53 години и зрачи од среќа

    16/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Ако продолжиме вака успешно, годинава ќе бидеме во првите три европски економии, кажа Мицкоски
    Македонија

    Ако продолжиме вака успешно, годинава ќе бидеме во првите три европски економии, кажа Мицкоски

    13/03/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Ако годината продолжи вака, можеби ќе се најдеме дури и во првите три економии, што ќе значи дека стандардот и куповната моќ на граѓаните конечно ќе почнат да се чувствуваат, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на растот на БДП оваа и минатата година.

    „Од страна на ботовите на опозицијата ќе бидам можеби исмејуван по социјалните медиуми, но ова се бројки од Евростат. Во 2025 како македонска економија забележавме раст на БДП кој нè сместува во првите пет во Европа. Во 2024 бевме во првите десет, а оваа година сме во првите пет. Ако оди вака како што почна годината, не би се изненадил да бидеме и во првите три. Што значи тоа, тоа значи дека конечно ќе почне полека, но сигурно да се чувствува и кај граѓаните, односно ќе се зголемува стандардот и куповната моќ“, кажа Мицкоски.

    Според него има историско највисока реализација во првите два месеци на капитални инвестиции, а од она што е предвидено има 25% реализација.

    „Околу над 10 милијарди, зборувам од централниот буџет, ако на тоа се додадат и инвестициите кои се во јавните претпријатија. Инвестициите на Јавното претпријатие за државни патишта, не влегува во оваа бројка. Тоа се дополнителни инвестиции. Останатите јавни претпријатија и акционерски друштва во сопственост на државата што инвестираат, не влегуваат во оваа бројка. Значи ова е само од централниот буџет, над 10 милијарди денари. Ако вака продолжиме, а приходите во буџетот се исто така на едно, би рекол неочекувано високо ниво во првите два, два и пол месеци еве скоро, очекувам оваа година и не би се изненадил да бидеме во првите три економии“, рече Мицкоски.

    Поврзани вести

    Лани евидентирани 115 лица со мултиплекс склероза, 1.800 активно се лекуваат на клиника

    16/10/2026

    Ново големо ажурирање на „Where Winds Meet“ со нова зона наречена „Qinzhou“

    16/10/2026

    Млад жител на тетовско осомничен за сајбер измами, продажба на украдени податоци и детска порнографија

    15/10/2026
    АКТУЕЛНО

    Лани евидентирани 115 лица со мултиплекс склероза, 1.800 активно се лекуваат на клиника

    16/10/2026

    Ново големо ажурирање на „Where Winds Meet“ со нова зона наречена „Qinzhou“

    16/10/2026

    (Видео) Први снимки од бремената Хилари Свонк: Го очекува своето трето дете на 53 години и зрачи од среќа

    16/10/2026

    (Видео) Меси се почести луксузна јахта – погледнете како изгледа

    16/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Конте е немилосрден: Веќе бара замена за Де Брујне, се знае и која е најголемата желба!

    Ракометен бум во Европа: Финалниот викенд урна рекорди

    Дали и „Лукоил“ во Македонија потпаѓа под новите американски санкции?

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.