Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Во Собранието денеска се изменети 40 закони и донесена е Стратегијата за безбедност на сообраќајот 2026-2030

    03/09/2026

    Градот Скопје и осум општини добија 49 нови комунални возила

    03/09/2026

    Околу 20 милиони деца на возраст до 17 години биле изложени на барем една форма на сексуална злоупотреба со помош на технологија

    03/09/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Политика»Димитриевски: Интересот на Филипче е ограничен само на неговата партиска фотелја
    Политика

    Димитриевски: Интересот на Филипче е ограничен само на неговата партиска фотелја

    13/03/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Осврнувајќи се на состојбите во Социјалдемократски сојуз на Македонија, Димитриевски оцени дека опозициската партија се соочува со сериозна политичка и кадровска криза и дека значителен дел од нејзините активности се насочени кон напади врз Движењето ЗНАМ за Наша Македонија.

    Според него, актуелното раководство на партијата не нуди нова политичка визија, а во рамките на организацијата се присутни внатрешни поделби и незадоволство кај дел од членството.

    „Интересот на Венко Филипче е ограничен само на неговата партиска фотелја. Наместо сериозна опозициска политика, СДСМ денес се занимава со внатрешни пресметки и лични интереси, поради што голем број чесни членови се повлекуваат или ја напуштаат партијата“, изјави Димитриевски.

    Тој посочи дека дел од разочараните членови на СДСМ веќе се приклучуваат кон ЗНАМ, но дека движењето внимателно пристапува кон приемот на нови членови, со цел, како што рече, да се изгради стабилен и принципиелен политички субјект.

    Димитриевски се осврна и на случајот со поранешниот вицепремиер Артан Груби, оценувајќи дека одлуката за домашен притвор претставува сериозен преседан кој дополнително ја поткопува довербата на граѓаните во правосудниот систем.

    „Ова е невиден преседан. Лице кое било во бегство и за кое постоела меѓународна потерница не смее да заврши во домашен притвор. На господинот Груби местото му е во истражен затвор, согласно принципите на владеење на правото и законските процедури“, истакна тој.

    Според Димитриевски, ваквите одлуки ја нагласуваат потребата од сериозни реформи во судско-обвинителскиот систем и враќање на довербата на граѓаните во институциите.

    Во интервјуто тој се осврна и на можната реконструкција на Владата, посочувајќи дека засега не се разговарало за конкретни кадровски решенија, но дека Движењето ЗНАМ е задоволно од работата на своите министри, кои, како што нагласи, реализираат значајни реформи и системски закони.

    Димитриевски порача дека ЗНАМ останува стабилен партнер во рамките на владејачкото мнозинство, со јасна политичка ориентација кон реформи, владеење на правото и заштита на државните интереси.

    Поврзани вести

    Во Собранието денеска се изменети 40 закони и донесена е Стратегијата за безбедност на сообраќајот 2026-2030

    03/09/2026

    Муцунски – Берсе: Спроведувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права е од особена важност

    01/09/2026

    Димитриевски: Коалицијата и на централно и на локално ниво функционира

    01/09/2026
    АКТУЕЛНО

    Во Собранието денеска се изменети 40 закони и донесена е Стратегијата за безбедност на сообраќајот 2026-2030

    03/09/2026

    Градот Скопје и осум општини добија 49 нови комунални возила

    03/09/2026

    Околу 20 милиони деца на возраст до 17 години биле изложени на барем една форма на сексуална злоупотреба со помош на технологија

    03/09/2026

    Голема акција на МВР за сузбивање на финансиски криминал, претреси на повеќе локации

    03/09/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Разговорите меѓу САД и Иран завршија без договор, преговорите ќе продолжат идната недела

    За еден месец, за 30 отсто пораснал бројот на заболени од акутни заразни болести

    Политичките поделби, нерегулираните социјални мрежи и непрофесионалните медиуми се овозможувачи на ФИМИ за време на изборите

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.