Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Во моментов има 20 активни пожари во земјава, критичен е пожарот кај селата Баница и Водоча

    22/08/2026

    Реакција на Тирана откако на фестивал во Пустец не беше интонирана албанската химна

    22/08/2026

    Западно-нилската треска однесе уште еден живот, петта жртва е 73-годишно лице од Аеродром

    22/08/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Регион»Мангата „Монстер“ и реиздание на „Модести Блејз“ избрани за најдобри стрипови во регионот за 2025 година
    Регион

    Мангата „Монстер“ и реиздание на „Модести Блејз“ избрани за најдобри стрипови во регионот за 2025 година

    02/03/20263 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Овогодишниот избор за стрип на годината ја потврди популарноста на италијанските и други увозни стрипови, но и високото мислење на публиката од регионот за легендарните домашни автори.

    Stripovi.com е највлијателниот портал за стрипови во регионот на бивша Југославија, основан во Загреб од 2001 година како комбинација на форум и онлајн енциклопедија. Оваа онлајн заедница од 2007 година организира избор за најдобар стрип на годината, по углед на други слични избори наречен „Оскар“.

    Во изборот за најдобар стрип за 2025 година учествуваа вкупно 386 гласачи, регистрирани членови на stripovi.com. Тие во текот на февруари имаа можност да изберат по 10 изданија на кои може да им доделат поени, во две категории: „стрип свеска“, односно издание од помал формат, како и „стрип албум“, во формат А4 или поголеми димензии.

    Насловната страница на „Draw!“ од Игор Кордеј, издание на Фибра.

    Првото место во категоријата на помал формат, за 2025 година во конкуренција  на 431 издание го освои јапонскиот стрип, односно манга, „Монстер“ од Наоки Уросава, во издание на српскиот издавач „Дарквуд“.

    Како и во 2024 година, на наредните три места се три италијански стрипови – Дилан Дог, Џудас и Марти Мистерија. Како и минатата година, на петтото место е 52-тиот број на хрватското списание за стрип „Квадрат“.

    Првото место во категоријата стрип-албуми, во конкуренција  на 319 изданија, го освои новиот репринт на авантурите на култната британска хероина Модести Блејз, во издание на хрватска „Фибра“. Изданието насловено насловен „На почетокот“, на 228 страници ги пренесува првите епизоди од серијалот, по сценарио на Питер О’Донел и цртеж на Џим Холдавеј.

    Слично на минатата година, изданија на „Фибра“ доминираа, овојпат заземајќи четири од првите пет места. На второто место се пласираше нивната збирка на ликовни дела „Draw!“ од легендарниот хрватски стрип-цртач Игор Кордеј,  третото го зазема „Слава“ на Пјер Анри Гомонт,  а петтото „Ралф Ажам“ на Луис Трондхајм.

    На четвртото место за стрип-албуми е интегралот „Лоун Слун“ од францускиот автор Филип Друлет, во издание на српскиот „Сталкер“.

    Како и минатата година, стотиците изданија кои влегоа во конкуренција за овогодишниот избор се претежно лиценцирани преводи на италијански, француски, белгиски, американски, јапонски и британски стрипови објавени во Босна и Херцеговина, Словенија, Србија и Хрватска. Како и минатата година, во овогодинешната конкуренцијата немаше ниту едно македонско издание.

    Број на стрип-изданија во конкуренција за регионалниот „Стрип Оскар“ според јавните податоци на Stripovi.com.

    Според податоците за бројот на изданија пријавени во овој избор, може да се заклучи дека пазарот на стрипови во регионот e релативно стабилен, со благ пад на продукцијата во 2025 година. Од оваа евиденција се генерално самоисклучени македонското, црногорското и косовското издаваштво, кои имаат по неколку изданија годишно, кои тамошните издавачи и не се трудат да ги пријават во базата на stripovi.com.

    Поврзани вести

    Хрватска најавува построги казни за екоцид

    20/08/2026

    Почина хрватската писателка и колумнистка Ведрана Рудан

    18/08/2026

    Нови пожари во Хрватска, загина жена од Босна и Херцеговина, а десетици се повредени

    15/08/2026
    АКТУЕЛНО

    Во моментов има 20 активни пожари во земјава, критичен е пожарот кај селата Баница и Водоча

    22/08/2026

    Реакција на Тирана откако на фестивал во Пустец не беше интонирана албанската химна

    22/08/2026

    Западно-нилската треска однесе уште еден живот, петта жртва е 73-годишно лице од Аеродром

    22/08/2026

    Ставена во функција апликацијата „Безбеден град“ за странските возила

    21/08/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    „Безбеден град“ стартува со зголемена толеранција, прагот постепено ќе се намалува

    Англичаните му се закануваат на Абрамович:“Парите од продажбата на Челзи да им ги уплатиш на Украинците“!

    Алиу вели дека Законот за заштита од пушење е стар речиси 30 години и не одговара на денешната реалност

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.