Секој голем играч по малку е егоистичен, а големите мега – ѕвезди имаат и преголемо его, како на пример Килијан Мбапе.
Во врска со Французинот има нова шпекулација која е поврзана со младиот Аргентинец, Франко Мастантуоно. Од него се очекува многу во иднина, и иако има само 18 години, оваа сезона веќе има 24 настапи за кралскиот клуб со три гола и една асистенција.
Сепак, во последните три натпревари, талентираниот тинејџер не доби минутажа. Многу фудбалски фанови, па дури и навивачи на Реал Мадрид, веруваат дека причината е првата ѕвезда на тимот, Килијан Мбапе.
На натпреварот против Валенсија на 8 февруари, Аргентинецот не успеа да му ја додаде топката на Мбапе, кој беше во подобра позиција. Французинот ја бараше топката, не ја доби и беше видливо вознемирен. По оваа сцена, Мастантуоно повеќе не играше. Многумина велат дека Мбапе е причината, но секако, одлуките се во рацете на Алваро Арбелоа. Тешко е да се поверува дека Французинот има влијание врз неговиот избор. Килијан, исто така, се прашуваше за многу работи во тимот за време на неговиот престој во ПСЖ. Често се пишуваше за конфликти со соиграчите, па дури и со оние кои беа поголеми играчи од него во тие моменти.

