Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Во моментов има 20 активни пожари во земјава, критичен е пожарот кај селата Баница и Водоча

    22/08/2026

    Реакција на Тирана откако на фестивал во Пустец не беше интонирана албанската химна

    22/08/2026

    Западно-нилската треска однесе уште еден живот, петта жртва е 73-годишно лице од Аеродром

    22/08/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Политика»Мицкоски: Овој народ ја бранел вратата на Европа со векови, верувал во тие европски вредности и ќе продолжи така
    Политика

    Мицкоски: Овој народ ја бранел вратата на Европа со векови, верувал во тие европски вредности и ќе продолжи така

    21/02/20265 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    „Македонија е жртва на класичен булинг од земји-членки кои одвнатре го уценуваат нејзиното интегрирање во ЕУ. И тоа не се цени според тоа каков напредок имаме, туку според тоа дали ќе го смениме Уставот, името, знамето, банкнотите и така натаму“, рече премиерот.

    Тој посочи дека европската интеграција на земјава е можеби единствен случај во Европа, бидеќи процесот во самата ЕУ не се цени според системот на напредок, односно според тоа како се совладуваат предизвиците, туку се темели на билатерални прашања и самото тоа го нарушува кредибилитетот на самата ЕУ, за што сè повеќе политичари во Брисел се свесни.

    „Само за нас, како земја-кандидат, не важи мерит-базираниот пристап. За нас важи билатерализација на пристапниот процес. Спорот меѓу Хрватска и Словенија беше билатерален спор кој се реши во рамки на неколку месеци, откако тогаш Европскиот совет јасно кажа дека откако Хрватска ќе ги заврши преговорите ќе стане дел од ЕУ, а потоа на рамноправна основа, ќе има арбитражен спор во рамки на кој ќе се бара решение за билатералниот спор меѓу двете земји – Словенија и Хрватска“, посочи Мицкоски и додаде дека тоа за нас не важеше и сè уште не важи.

    Тој посочи дека колку повеќе се игнорира оваа реалност за земјава, толку потежок ќе биде патот и толку повеќе ќе имаме препреки пред нас.

    „Колку повеќе сме свесни за овие предизвици и за неуспесите на политичките гарнитури од минатото, толку потешко ќе ни биде. Јас сум свесен дека можеби дел од политичките гарнитури во минатото имале добра намера, но имаше и такви кои, притиснати од неуспехот да испорачаат резултати дома, од неуспехот да се справат со криминалот и корупцијата што ги обземаа за време на нивното владеење, како и од неуспехот да испорачаат напредок во државата и подобар стандард за граѓаните, беа доведени до тоа да се водат од максимата: ‘дајте ни бел лист хартија да потпишеме сè што треба да потпишеме, само да не нè оставите без власт.’ Тоа така не оди“, рече Мицкоски.

    Тој додаде дека од некогаш државотворната СДСМ денес се гледа едно гранапче кое се занимава со лажни вести и таблоидни прес-конференции, што немаат никаква врска со реалноста и се на работ на исчезнување.

    Мицкоски посочи дека во моментов треба да се обрне внимание на иницијативата, за која сè повеќе се зборува во политичките кругови во Брисел, а тоа е т.н. прва и втора лига земји-членки, односно т.н. градуална или постепена интеграција.

    Тој истакна дека на еден од панелите на Михенската безбедносна конференција еден од говорниците истакнал дека тоа што ѝ се прави на Македонија е криминал и додал дека дека тоа нема никаква врска со вредностите што ги дефинирале Аденауер, Шуман и Де Гаспери.

    „Затоа треба многу добро да размислиме, во однос на тоа што сега се заговара за прва и втора лига членки на ЕУ, односно за градуална или постепена интеграција, со многу заштитни механизми и како регион да донесеме одлука што мислиме и како мислиме да постапиме. Бидејќи и сега имаме земја што ја нарекуваат „фронтранер“. Се сеќавам дека и нас нè убедуваа дека сме фронтранер, само ако можеме да создадеме нова ентитетска структура на Балканот која ќе се нарекува „Северномакедонци“, па тогаш птиците ќе пеат и сè ќе биде убаво. Но реалноста е сосема поинаква и затоа треба да сме свесни за сите предизвици со кои ќе се соочуваме во годините што следат“, додаде Мицкоски.

    Премиерот посочи дека еден народ, една нација треба да е мудра и трпелива, да не носи избрзани одлуки, ниту пак одлуки под притисок.

    „Затоа за еден народ и една нација, нема поголемо зло од корумпирани таканаречени лидери на таа нација, мекотели, луѓе коишто се мекото ткиво на нацијата и коишто, за жал, се изнагледавме во минатите години и децении на македонската политичка сцена. И тие се тие коишто не доведоа до оваа ситуација во којашто денеска се наоѓаме, наместо да преговараме за вредности, за владеење на правото и за некои други стандарди, ние денеска преговараме за билатерални прашања коишто не водат никаде. Просто и едноставно е, нема никој жив од средниот век за да ни каже како било. Наместо да гледаме во иднината ние се враќаме во десеттиот и единаесеттиот век, уште толкуваме чии биле оние тогашни учители во тоа време и нивните ученици. А, за жал нема сè уште живи помеѓу нас коишто од тогаш можат да ни посведочат како и која била вистината. Но, има живи коишто можат да посведочат како било пред неколку децении, сè уште има живи и тие во нивните сведоштва ја пренесуваат вистинската вистина, не онаа измислената и напишаната. А, тоа дека овој народ, македонскиот народ си има своја традиција вековна, култура, наследство. Отсекогаш бил на правата на историјата, отсекогаш бил за сојузниците, никогаш не коленичел. Да, често пати знаел да биде на грб во многу востанија низ историјата, но никогаш не коленичел“, нагласи Мицкоски.

    Премиерот нагласи дека овој народ ја бранел вратата на Европа со векови, верувал во тие европски вредности и ќе продолжи така за да може денеска Европа да биде тоа што е.

    „Јас сум убеден дека и во годините коишто следат и по мене, и по тие по мене ќе имаме луѓе и водачи на оваа нација, народ и држава коишто ќе бидат свесни за своето минато вековно и ќе знаат тоа вистински да го вреднуваат и ценат. И местото на овој народ и оваа држава е во Европа“, потенцираше, меѓу другото Мицкоски.

    Поврзани вести

    Реакција на Тирана откако на фестивал во Пустец не беше интонирана албанската химна

    22/08/2026

    Филипче: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да им се извинат на семејствата на настраданите во модуларната болница

    21/08/2026

    Aмбасадорскиот совет и денеска ќе заседава за задачите на дипломатската мрежа

    21/08/2026
    АКТУЕЛНО

    Во моментов има 20 активни пожари во земјава, критичен е пожарот кај селата Баница и Водоча

    22/08/2026

    Реакција на Тирана откако на фестивал во Пустец не беше интонирана албанската химна

    22/08/2026

    Западно-нилската треска однесе уште еден живот, петта жртва е 73-годишно лице од Аеродром

    22/08/2026

    Ставена во функција апликацијата „Безбеден град“ за странските возила

    21/08/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Денеска ќе заседава Советот за безбедност поради случувањата на Блискиот Исток

    Европа е подготвена да предводи мултинационални сили во Украина, како дел од мировниот план на САД

    Полицијата ја претресува кралската вила додека продолжува истрагата за поранешниот принц Ендру Маунтбатен-Виндзор

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.