Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Видео) Бигорот исчезнува за миг: Вашата туш-кабина ќе блесне со помош на еден производ

    11/11/2026

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    (Видео) Сè повеќе луѓе користат еден трик пред да ја вклучат машината за миење садови

    11/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»По подолга пауза состанок на Амбасадорскиот совет
    Македонија

    По подолга пауза состанок на Амбасадорскиот совет

    20/08/20263 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    На отворањето на Амбасадорскиот совет свои обраќања ќе имаат премиерот Христијан Мицкоски, шефот на дипломатијата Муцунски и чешкиот министер за надворешни работи, Петр Мацинка, којшто престојува во официјална посета на земјава.

    Пред почетокот на Амбасадорскиот совет, предвидено е претседателот на Владата Мицкоски, да даде изјава за медиумите.

    „По повеќе години, нашата дипломатска мрежа повторно ја собираме на едно место за директна, суштинска и стратешка координација. Амбасадорскиот совет е еден од најважните механизми за стратешка координација на македонската дипломатија. Целта е јасна: да направиме пресек на сработеното, да ги усогласиме позициите и, пред сè, да поставиме конкретни задачи за периодот што следува“, рече Муцунски на прес-конференцијата.

    Според него, амбасадорскиот совет е еден од најважните механизми за стратешка координација на македонската дипломатија, со јасна цел – пресек на сработеното, усогласување на позициите и поставување конкретни задачи за периодот што следува.

    На Амбасадорскиот совет ќе се разговара за европската и евро-атлантската агенда, геополитичките и безбедносните промени, регионалната стабилност, институционалната отпорност, економската дипломатија и конзуларното работење.

    Муцунски истакна дека нема само да се анализира што се случува во светот, туку и на средбата ќе се утврдува што тие промени значат за нашата држава, како влијаат врз нашите интереси и што конкретно очекуваме од секое наше дипломатско-конзуларно претставништво.

    „Во време на длабоки геополитички промени, растечки безбедносни предизвици и сè покомплексни меѓународни односи, вели, дипломатијата не смее да биде пасивна. – Потребна ни е дипломатија што предвидува. Која реагира навремено. Која гради партнерства. И која одлучно ги штити националните интереси“, порача Муцунски.

    Тој информира дека амбасадорите и генералните конзули во рамките на советот ќе имаат директен дијалог со претседателката на државата, премиерот и со претседателот на Собранието, што испраќа порака за потребата од институционална координација, јасни позиции и сериозен државен пристап.

    Тој посочи дека еден од главните фокуси на годинешниот совет ќе биде економската дипломатија, со јасна порака до амбасадорите дека „секој амбасадор мора да биде и економски промотор на нашата држава“.

    „Повреќе инвестиции, поголем извоз, нови деловни контакти, нови пазари за македонските компании. Тоа мора да стане мерлив дел од работата на нашите претставништва. Нашите амбасади треба да отвораат врати за македонските компании и добрите политички односи да ги претвораат во конкретни економски можности за нашата земја“, порача Муцунски.

    На состанокот ќе се разговара и за модернизација и дигитализацијата на конзуларните услуги, подобрата институционална координација и поблиската комуникација со дијаспората.

    „Нашата цел е едноставна: македонскиот граѓанин, каде и да се наоѓа, да знае дека неговата држава е таму кога му е потребна. Истовремено, ќе ги слушнеме и нашите амбасадори и генерални конзули. Тие најдобро ги познаваат предизвиците на теренот. Сакам отворено да разговараме за она што функционира, што мора да подобриме и што е потребно нашата дипломатска мрежа да биде поефикасна, попрофесионална и подобро подготвена“, истакна Муцунски.

    Шефот на дипломатијата ги прецизира трите клучни очекувања од дипломатската мрежа – да ги штити националните интереси, да отвора можности за нашата држава и да им служи на македонските граѓани, а в четврток и в петок, како што нагласи, овие принципи ќе ги претвориме во конкретни задачи, подобра координација и мерливи резултати.

    Поврзани вести

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    Има истраги, но нема казни: ЕУ ја критикува Македонија за резултатите во борбата против корупцијата и Кривичниот законик

    10/11/2026

    Средба на амбасадорот Рокас и министерот Шасивари: Препораките за реформи во правосудството мора да се реализираат

    10/11/2026
    АКТУЕЛНО

    (Видео) Бигорот исчезнува за миг: Вашата туш-кабина ќе блесне со помош на еден производ

    11/11/2026

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    (Видео) Сè повеќе луѓе користат еден трик пред да ја вклучат машината за миење садови

    11/11/2026

    Почна Парискиот мировен форум со посебен фокус на правата на децата

    10/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Стражај: ЕУ е на потег да ја убеди Бугарија дека Македонија има свои граници – не може барањата да одат во недоглед

    За еден месец, за 30 отсто пораснал бројот на заболени од акутни заразни болести

    Итeн состанок во Белгија по појавата на дронови над воени бази и аеродроми

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.