Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Порталб: Новото училиште во Нерово е недовршено, наставата се одвива во катастрофални услови

    19/09/2026

    Мицкоски: Прво доверба со Бугарија, потоа процес за кој ќе има предвидлив крај

    19/09/2026

    Бугарски лекари во Мала Преспа за асимилација

    19/09/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Ќе се зголемува бројот на белоглави мршојадци, 50 единки ќе бидат донесени од Шпанија
    Македонија

    Ќе се зголемува бројот на белоглави мршојадци, 50 единки ќе бидат донесени од Шпанија

    17/02/20263 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Педесет нови единки од белоглав мршојадец ќе бидат донесени од Шпанија во земјава заради зајакнување на популацијата на оваа птица која традиционално живее на Балканскиот полуостров. Македонското еколошко друштво започнува нов проект кој ќе трае шест години и ќе треба да резултира со зголемување на бројот на белоглавите мршојадци во Македонија, Грција и пошироко во регионот, за кои сега се проценува дека во нашата земја се само околу 20 парови.

    Сè до средината на дваесеттиот век, белоглавиот мршојадец бил вообичаена глетка низ Балканот, но во последните децении, поради ловењето, труењето, недостигот на храна и струјните удари и судирите со надземната електрична инфраструктура, е доведен до работ на изумирање. „Податоците добиени преку следење со ГПС-технологија покажуваат дека овие птици на Балканскиот Полуостров најчесто се задржуваат во седум клучни зони заради размножување и одмор при миграциите. Една од нив е Тиквешко-Демиркапискиот Регион, едно од ретките преостанати јадра за гнездење на мршојадците во Македонија. Денес, овој предел е дом на два пара од глобално загрозениот египетски мршојадец и на околу 20 пара од белоглавиот мршојадец, заради што и ќе биде во фокус на проектните активности“, велат од МЕД.

    Зајакнувањето на постојните популации кај нас ќе се направи преку воведување на 50 нови единки од белоглавиот мршојадец, кои ќе бидат донесени од Шпанија. Овие птици ќе бидат префрлени во кафези за аклиматизација и потоа пуштени на слобода во соработка со локални партнери. Посочуваат дека за истражувачки и превентивни цели, пред да бидат пуштени, на овие птици ќе им бидат поставени ГПС-предаватели.

    Сеопфатниот пристап кон подобрување на животните услови за белоглавиот мршојадец ќе вклучи и активности за поефективно спроведување на законите заради намалување на смртноста на птиците од труење, како и воведување на системи за рано предупредување базирани врз ГПС-мониторинг. Исто така, ќе се зајакнуваат националните капацитети за рехабилитација на диви животни и ќе се зголемува достапноста на храна преку поставување дополнителни станици за исхрана. На овој начин ќе се зацврсти поврзаноста на птиците со клучните зони на полуостровот, со што значително ќе се зголемат и шансите за нивно преживување и опстанок.

    „Голема улога во зачувувањето на мршојадците имаат и локалните заедници со кои овие птици се силно поврзани. Токму затоа, преку проектот ќе се поддржи и традиционалното сточарство кое исто така е извор на храна за овие птици, и ќе се подига свеста за улогата и значењето на мршојадците во екосистемот и во локалната економија. На овој начин, целосното закрепнување на популацијата на белоглавиот мршојадец на Балканот повеќе нема да биде прашање на надеж, туку споделена обврска“, велат од МЕД.

    Проектот ќе се спроведува во рамки на програмата LIFE, чијашто цел е да се зголеми популацијата на белоглавиот мршојадец на македонска и грчка територија, кој е кофинансиран од Европската Унија, и кој ги поврзува покрај МЕД, и Грчкото орнитолошко друштво, Универзитетот на Крит – Музеј за природна историја, Агенцијата за природна средина и климатски промени од Грција и Фондот за дива флора и фауна од Бугарија, под водство и координација на швајцарската Фондација за заштита на мршојадци.

    Поврзани вести

    Порталб: Новото училиште во Нерово е недовршено, наставата се одвива во катастрофални услови

    19/09/2026

    Амбасадорките на Германија и на Холандија, Дрекслер и Џанел, разговараа со земјоделци од Струмица

    18/09/2026

    Странци ловат и пијат крв од животни во Маврово, екологистите бараат националниот парк итно да се заштити

    17/09/2026
    АКТУЕЛНО

    Порталб: Новото училиште во Нерово е недовршено, наставата се одвива во катастрофални услови

    19/09/2026

    Мицкоски: Прво доверба со Бугарија, потоа процес за кој ќе има предвидлив крај

    19/09/2026

    Бугарски лекари во Мала Преспа за асимилација

    19/09/2026

    Трик за чистење на тврдокорната нечистотија од прозорците

    18/09/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    ВМФЛ: Лидерот на тешко гостување во Охрид, в недела Беласица под рефлектори ја пречекува Шкендија (А)

    Бугарија одвои 260 милиони евра за реконструкцијата на пругата кон Македонија

    Муцунски – Ландау: Заедничка посветеност на Македонија и САД за стабилност и економска соработка

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.