Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Најнеодлучните луѓе на планетата се родени во овие 4 хороскопски знаци

    19/10/2026

    Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ одат во втор круг на изборите во Брвеница

    19/10/2026

    Земјоделките немаат породилно отсуство, осигурување и финансиска сигурност

    17/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»САД и Македонија постигнаа Рамковен договор за реципрочна, фер и балансирана трговија
    Македонија

    САД и Македонија постигнаа Рамковен договор за реципрочна, фер и балансирана трговија

    13/02/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    САД и Македонија постигнаа Рамковен договор за реципрочна, фер и балансирана трговија за зајакнување на билатералните економски односи, што ќе им обезбеди на извозниците на двете земји проширен пристап до пазарите на другите. Како што е наведено во објавата на Белата куќа, договорот ќе ги зајакне трговските односи, ќе ги поддржи заедничките стратешки интереси, ќе го промовира економскиот раст и ќе го продлабочи трансатлантското партнерство меѓу земјите.

    Клучните услови на договорот предвидуваат Македонија да ги укине царинските давачки за сите американски индустриски и земјоделски стоки, а САД да ги одржат на 15 проценти реципрочните царини. Со изградбата на гасниот интерконектор со Грција, Македонија да ја подобри енергетската безбедност и да ги диверзифицира изворите на енергија, вклучително и преку купување на американски течен природен гас. Македонија се обврза да не наметнува данок на дигитални услуги и да поддржи усвојување на траен мораториум на царински давачки за електронски преноси во Светската трговска организација

    САД и Македонија ќе работат на решавање на загриженоста на САД во врска со нетарифните бариери наметнати од земјава, се обврзуваат да одржат консултации за решавање и спречување на бариерите за американските земјоделски производи на македонскиот пазар и се обврзаа да ја зајакнат економската и националната безбедносна соработка за да ја подобрат отпорноста на синџирот на снабдување и иновациите преку комплементарни активности за справување со непазарни политики на други земји, како и за борба против избегнувањето на давачки и соработка во прегледите на инвестициите и контролата на извозот.

    Земјите ќе разговараат за обврските за заштита и спроведување на интелектуалната сопственост, вклучително и за географските ознаки и ќе се ангажираат за решавање на прашања поврзани со трудот, стои во објавата.

    За министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски постигнатиот договор меѓу САД и Македонија е важен и значаен исчекор во економската соработка, кој има големо значење за македонската економија и од кој конкретен бенефит ќе имаат македонските компании.
    „Усогласивме заедничка изјава и рамка за Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, со што ја зајакнуваме билатералната економска соработка и отвораме поголем пристап до американскиот пазар за македонските компании. Искрена благодарност до целиот тим од повеќе институции што макотрпно работеше на овој процес, како и тимот на македонската амбасада во Вашингтон“, напиша Муцунски во порака на социјалните мрежи.

    Поврзани вести

    Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ одат во втор круг на изборите во Брвеница

    19/10/2026

    Земјоделките немаат породилно отсуство, осигурување и финансиска сигурност

    17/10/2026

    Лани евидентирани 115 лица со мултиплекс склероза, 1.800 активно се лекуваат на клиника

    16/10/2026
    АКТУЕЛНО

    Најнеодлучните луѓе на планетата се родени во овие 4 хороскопски знаци

    19/10/2026

    Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ одат во втор круг на изборите во Брвеница

    19/10/2026

    Земјоделките немаат породилно отсуство, осигурување и финансиска сигурност

    17/10/2026

    40 години по катастрофата во Чернобил: радиоактивните честички се многу постабилни отколку што се мислеше

    17/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Реакција на бугарското МНР по нападот врз Перев во Скопје

    Пентагон повлекува илјадници војници од Германија, НАТО под притисок

    Краус од Австрија прва ривалка на Ѓорческа на Австралија опен

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.