Есенскиот лидер Вардар го стартува вториот дел од првенството со домашен натпревар против Арсими. Целта е јасна – триумф, затоа што само така „црвено-црните“ можат да ја задржат позицијата што ја имаат, највисоко на врвот пред конкурентите.
Дефанзивецот Мислав Матиќ вели дека Вардар нема да го потцени Арсими и дека тимот е подготвен за квалитетен натпревар и освојување на три бода.
„Еве конечно започнува пролетниот дел од сезоната. Играме против Арсими, а преку анализата видовме дека се многу непријатен противник кој може да изненади со контранапади. Но, ние сме фокусирани на нашата игра, напорно работевме и се подготвувавме за овој дел од сезоната, со цел да започнеме што е можно подобро, а тоа, секако, е победа. Се разбира, го почитуваме Арсими и нема место за потценување. Ќе дадеме сè од себе за да ја отвориме полусезоната во позитивно светло, да оствариме победа и да продолжиме каде што застанавме – чекор по чекор кон целта“, изјави Матиќ.
Во пресрет на натпреварот кое ќе се одигра во Скопје, екипата на Арсими се подготвува за еден од најважните предизвици во сезоната.

