Фудбалерите на Тотенхем, Вилсон Одобер и Рендал Коло Муани, беа вклучени во сообраќајна несреќа која се случила додека двајцата патувале кон аеродромот пред натпреварот на клубот од Лигата на шампионите против Ајнтрахт Франкфурт.
Несреќата се случила на прометниот автопат М25 во Хартфордшир, а причината е дупната гума.
Менаџерот Томас Франк потврди дека двајцата играчи за среќа не се повредени во инцидентот.

