Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Фото/Видео) Џеј Ло носеше ѓердан од 74 карати на отворањето на Модната недела во Милано

    23/09/2026

    Ниту една држава не е имуна на изборните дезинформации и не може сама да се бори против нив

    23/09/2026

    Трајков во Брисел: Владеењето на правото не е само дел од преговарачкиот процес, тоа е темел за создавање европска држава

    23/09/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Свет»Белата куќа објави фотографија изменета со вештачка интелигенција каде се исмева уапсена жена
    Свет

    Белата куќа објави фотографија изменета со вештачка интелигенција каде се исмева уапсена жена

    23/01/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Белата куќа објави слика на жена уапсена од американските власти, но експерти велат дека таа е изменета со користење вештачка интелигенција, пренесува Би-Би-Си Њуз.

    Изменетата слика, е објавена од Белата куќа, 30 минути подоцна откако оригиналната беше споделена од државната секретарка за безбедност Кристи Ноем. Сликата е променета да изгледа дека жената на неа плаче. Во оригиналната фотографија, која ја објави Ноем, лицето на жената е опуштено и без солзи.

    Сликата, објавена на платформата Икс, собра речиси пет милиони прегледи, но експерти за дигитална форензика потврдиле дека е уредена со алатки за вештачка интелигенција, што значително ја менува нејзината реална појава.

    Хани Фарид, професор по компјутерски науки од Универзитетот во Калифорнија и основач на GetReal Security, изјавил дека не е првпат Белата куќа да сподели содржина изменета или генерирана со ВИ. Тој истакнал дека тоа е загрижувачки, бидејќи тешко дека јавноста верува на информацијата.

    Жената на фотографијата, Некима Леви Армстронг, била уапсена поради наводно организирање протест што ја нарушил црковната служба во Минесота.

    На прашање на медиумите за изменетата слика, од Белата Куќа ги  упатиле на објавата на заменикот директор за комуникации,  Каелан Дор објавена на Икс „Спроведувањето на законот ќе продолжи. Мемињата ќе продолжат. Ви благодарам за вашето внимание.“

    Фарид оценил дека користењето на содржини генерирани со ВИ од Белата куќа е проблематично на повеќе нивоа, бидејќи не само што се споделува лажна содржина, туку станува сè потешко за јавноста да има доверба во било што од институциите.

    Поврзани вести

    Цените на нафтата скокнаа за повеќе од три долари по израелските напади врз Либан и Иран

    08/06/2026

    Украина погоди руски товарни бродови во Азовското Море

    05/06/2026

    Треба да го спречиме развојот на вештачката интелигенција без луѓе, вели ко-основачот на Антропик

    05/06/2026
    АКТУЕЛНО

    (Фото/Видео) Џеј Ло носеше ѓердан од 74 карати на отворањето на Модната недела во Милано

    23/09/2026

    Ниту една држава не е имуна на изборните дезинформации и не може сама да се бори против нив

    23/09/2026

    Трајков во Брисел: Владеењето на правото не е само дел од преговарачкиот процес, тоа е темел за создавање европска држава

    23/09/2026

    Емотивна објава на Синди Крафорд два месеца пред смртта на нејзиниот син: „Горда сум на човекот што си“

    23/09/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Беќири: За нас ова е големо искуство, научивме како да играме фер и модерен фудбал!

    „Обид за убиство“ на кошаркарски натпревар во Белград (ВИДЕО)

    Димитриевски: Интересот на Филипче е ограничен само на неговата партиска фотелја

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.