
Македонската ракометна репрезентација денеска ќе настапи на Европското првенство. Прв противник на селекторот, Кирил Лазаров и неговите избраници е Данска, дуелот се игра во Хернинг со почеток во 20:30 часот.
Пред почетокот на големиот предизвик за Новата Македонија убаво е да се потсетиме на одредени податоци поврзани со нашиот национлен тим.
Ќе започнеме со новата генерација, за овој тим, ова е второ Европско првенство. На претходното континентално натпреварување го освои 17 место. Имаше скор од два порази (Франција и Германија) и една победа против силната Швајцарија, на последниот меч од групната фаза, и од Берлин стигна најава дека Новата Македонија и натаму ќе ја радува македонската нација.

