Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Институциите не се доволно транспарентни во одлуките за животната средина, заложбите од Партнерството за отворена власт бавно се исполнуваат

    27/09/2026

    Вајц: Македонија треба да биде модерна демократска земја, без разлика дали ќе стане членка на ЕУ

    26/09/2026

    Екологистите ѝ дадоа рок на Владата до крајот на месецот да ги поништи концесиите за рудникот Иловица-Штука

    26/09/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Свет»Венуцелскиот танкер „Маринера“ падна во рацете на САД
    Свет

    Венуцелскиот танкер „Маринера“ падна во рацете на САД

    07/01/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Соединетите Американски Држави соопштија дека заплениле танкер поврзан со Венецуела, а пловел под руско знаме. Ова е дел од агресивната стратегија на претседателот Доналд Трамп да ги контролира нафтените текови во Америка и да ја принуди социјалистичката влада во Каракас да стане сојузник на САД, соопшти Ројтерс.

    Откако претседателот Николас Мадуро беше соборен, Вашингтон ги блокираше санкционираните бродови што пловат кон и од водите на Венецуела. Американската крајбрежна стража и војската го пресретнале танкерот „Маринера“, кој минатиот месец одбил да дозволи качување на американските сили и потоа го сменил знамето во руско, соопштија официјални лица.

    Танкерот „Маринера“ бил под санкциите на САД уште од 2024 година, поради нелегално носење нафта. Првично бил регистриран под знаме на Гвајана, а подоцна под знаме на Русија, обидувајќи се да ги избегне американсците санкции. Во моментот на запленувањето, танкерот бил празен.

    По двонеделна потера низ Атлантикот, при што во близина биле забележани и руска подморница и други руски пловила, овој потег ја зголеми опасноста од директна конфронтација со Москва. Русија остро ги осуди американските дејствија поврзани со Венецуела, додека истовремено е во сериозен конфликт со Западот поради војната во Украина.

    Руската државна телевизија РТ објави фотографија од хеликоптер кој лета над танкерот „Маринера“, претходно познат како „Бела-1“, наведувајќи дека изгледа како американските сили да се обидуваат да го преземат бродот, кој во моментот бил празен.

    Американската крајбрежна стража пресретнала и друг танкер, „Софија“, целосно натоварен и поврзан со Венецуела, во близина на североисточниот брег на Јужна Америка. Ова е четврти ваков случај во последните неколку недели, велат официјалните извори, пренесува Ројтерс.

    Поврзани вести

    Цените на нафтата скокнаа за повеќе од три долари по израелските напади врз Либан и Иран

    08/06/2026

    Украина погоди руски товарни бродови во Азовското Море

    05/06/2026

    Треба да го спречиме развојот на вештачката интелигенција без луѓе, вели ко-основачот на Антропик

    05/06/2026
    АКТУЕЛНО

    Институциите не се доволно транспарентни во одлуките за животната средина, заложбите од Партнерството за отворена власт бавно се исполнуваат

    27/09/2026

    Вајц: Македонија треба да биде модерна демократска земја, без разлика дали ќе стане членка на ЕУ

    26/09/2026

    Екологистите ѝ дадоа рок на Владата до крајот на месецот да ги поништи концесиите за рудникот Иловица-Штука

    26/09/2026

    Одличната соработка меѓу ОН и Македонија, средба Мицкоски – Гутереш

    26/09/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Лудо славје на фудбалерите на Арсенал после судискиот свиреж (ВИДЕО)

    Владата со остра осуда за палењето возила кај бугарската амбасада во Скопје

    Катастрофални пожари кај Омиш во Хрватска, над 30 повредени, од кои шест се на респиратор

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.