Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Љубов, пари и неочекувани средби: Големи изненадувања во саботниот хороскоп

    07/11/2026

    (Фото) Дуа Липа за малку ќе покажеше премногу во креација со отвори

    06/11/2026

    Вечерва мирен протест во Богданци, а в недела во „Жена Борец“ во Скопје

    06/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»На Клиниката за онкологија во Скопјe не се изработуваат анализи на тумор маркери, пропаднал тендерот
    Македонија

    На Клиниката за онкологија во Скопјe не се изработуваат анализи на тумор маркери, пропаднал тендерот

    04/12/20252 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    На Клиниката за радиотерапија и онкологија во Скопјe во моментов не се врши испитување на тумор маркери, затоа што е откажана јавната набавка, а пациентите ова испитување мора да го направат во други јавни лаборатории, пишува Порталб.мк.

    Пациентка која веќе неколку години е пациентка на Клиниката за радиотерапија и онкологија во Скопјe вчера била на редовен преглед на Клиниката. Таа за Порталб.мк изјави дека докторот ѝ рекол дека не можат да испитаат тумор маркери бидејќи немале материјал.

    „Оваа анализа сум ја правела тука секој пат кога доаѓав на преглед, докторот ми рече дека бидејќи нема материјал за оваа испитување, тоа можам да го направам во градската болница во градот од каде што доаѓам и онколозите од таму можат да ги видат резултатите“, рече таа.

    Пациентката додаде дека не треба да има недостиг и дека треба да се преземат мерки за оваа анализа, која е многу важна за пациентите, да им се нуди во секое време.

    Од друга страна, од Клиниката за радиотерапија и онкологија за Порталб.мк изјавија дека во моментов анализата не се врши бидејќи е откажана јавната набавка.

    „На ЈЗУ УК за радиотерапија и онкологија – Скопје во моментов не се изработуваат анализи на тумор маркери поради поништување на јавна набавка, но постапката е повторно објавена и анализите наскоро ќе бидат достапни. Во меѓувреме, пациентите овие анализи можат да ги направат во околу 40 јавни лаборатории“, соопштија од Клиниката за радиотерапија и онкологија.

    Од таму не појаснија кога точно ќе почне повторно да се врши оваа анализа. Потсетуваме дека во тек се два процеса за злоупотребите на Клиниката за онкологија што предизвикаа голема реакција кај јавноста. Обвинителството го подели случајот на две обвиненија, од кои во едното („Онкологија 1) директорот и уште двајца онколози се судат за несовесно лекување на пациентите, во другото двајцата поранешни директори се гонат за проширени кривични дела – злоупотреба на службената положба и овластување, измама во службата и проневера во службата.

    Поврзани вести

    Вечерва мирен протест во Богданци, а в недела во „Жена Борец“ во Скопје

    06/11/2026

    Поднесена тужба против МОН за непочитување на Законот за субвенциониран студентски оброк

    06/11/2026

    ДЗР: Железницата плаќа милиони евра за неискористени кредити, а Коридорот 8 доцни со години

    05/11/2026
    АКТУЕЛНО

    Љубов, пари и неочекувани средби: Големи изненадувања во саботниот хороскоп

    07/11/2026

    (Фото) Дуа Липа за малку ќе покажеше премногу во креација со отвори

    06/11/2026

    Вечерва мирен протест во Богданци, а в недела во „Жена Борец“ во Скопје

    06/11/2026

    Поднесена тужба против МОН за непочитување на Законот за субвенциониран студентски оброк

    06/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Концерт, филмски проекции, изложба и претстава на Скопско лето

    Фотографии од браќата Манаки во старо-ново руво

    Поднесен обвинителен предлог против обезбедувањето на премиерот за насилството врз сопругата

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.