Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Фото) Чоколадно-кафеавата боја доби конкуренција: еве ја бојата што ќе ја носиме оваа есен

    25/09/2026

    8 јасни знаци кои откриваат луѓе со ниска интелигенција

    25/09/2026

    Муцунски-Пирс во Њујорк: Во фокусот регионалната безбедност, реформите и европската перспектива

    24/09/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Политика»На Форумот за малцински прашања на ОН: Оставањето на малцинските прашања на поединечните држави зависи од добрата волја, а Бугарија нема таква
    Политика

    На Форумот за малцински прашања на ОН: Оставањето на малцинските прашања на поединечните држави зависи од добрата волја, а Бугарија нема таква

    30/11/20252 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    „Нелсон Мандела рече: ‘Никој навистина не познава една нација додека не влезе во нејзините затвори’, и оваа вистина одекнува кај луѓето што ги претставувам денес. Оваа организација е една од стотиците македонски организации на кои сè уште им се одбива регистрација во Бугарија. Нејзините членови се постари активисти чие репресирање започна во нивната младост. Во 1963 година, политиката на негирање на македонското малцинство беше првата во серијата ‘преродбени процеси’ насочени кон асимилација на малцинствата во ‘единствена бугарска социјалистичка нација’. Во овој период, македонските млади се спротивставуваа на овие агресивни асимилациски политики, формирајќи кружоци за проучување на својата историја, пеејќи забранети песни, слушајќи забранети радиостаници и пишувајќи слогани за Македонија на јавни места. Поради тоа беа истражувани од државната безбедност, затворани, следени, малтретирани и протерувани“, беше искажано за репресијата врз Македонците во Бугарија низ децениите, на Форумот за малцински прашања на Обединетите нации.

    Исто така, говорникот Стојков нагласи дека репресијата продолжува и денес, но во поинаква, скриена форма.

    „Само оваа недела, лидерот Стојан Герасимов, кој има 77 години, поверува дека е поканет да даде исказ за неговата претставка за геноцидот врз македонското малцинство, но наместо тоа беше испрашуван три часа од разузнавачката служба и притискан да се изјасни како Бугарин. Тој ме замоли денес да соопштам дека репресијата продолжува — во поинаква, скриена форма — но дека сè уште ги тера луѓето да се плашат да кажат дека се Македонци“, ги пренесе Стојков пораките на Герасимов пред форумот во Женева.

    Тој нагласи дека за да се засилат гласовите на малцинствата во процесите на градење мир, одговорност и транзициска правда, мора да има дијалог.

    „Бугарија останува заглавена, како што е од шеесеттите години, во првата фаза од тагата — а тоа е негирањето. Едно агресивно негирање, кое сè уште ги повторува зборовите на комунистичкиот диктатор Живков дека Македонците ‘не смеат и не можат да постојат’. И затоа дијалог нема. Оставањето на малцинските прашања на поединечните држави во голема мера зависи од добрата волја на таа држава да дејствува. А Бугарија нема таква волја, особено кога се работи за нејзиното македонско малцинство. Транзициската правда и помирувањето се можни само ако постои дијалог, и затоа бараме поддршка од ООН за конечно да се направи тоа возможно“, порача Стојков.

    Поврзани вести

    Муцунски-Пирс во Њујорк: Во фокусот регионалната безбедност, реформите и европската перспектива

    24/09/2026

    Вајц: Ако граѓаните не веруваат дека правдата важи за сите, младите ќе ја напуштаат земјата

    24/09/2026

    Сали: Комуникацијата со Софија треба да се води со присуство на официјални лица од Европската комисија или од Европскиот совет

    24/09/2026
    АКТУЕЛНО

    (Фото) Чоколадно-кафеавата боја доби конкуренција: еве ја бојата што ќе ја носиме оваа есен

    25/09/2026

    8 јасни знаци кои откриваат луѓе со ниска интелигенција

    25/09/2026

    Муцунски-Пирс во Њујорк: Во фокусот регионалната безбедност, реформите и европската перспектива

    24/09/2026

    Вајц: Ако граѓаните не веруваат дека правдата важи за сите, младите ќе ја напуштаат земјата

    24/09/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Поднесени обвиненија против 13 полициски службеници за пожарот во „Пулс“

    Момент за Мориконе – музичко-поетска италијанска вечер во Филхармонија на „Скопје Брас Фестивал“

    Муцунски во Белград на работна средба со министрите за надворешни работи на ЦЕИ

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.