Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Лани евидентирани 115 лица со мултиплекс склероза, 1.800 активно се лекуваат на клиника

    16/10/2026

    Ново големо ажурирање на „Where Winds Meet“ со нова зона наречена „Qinzhou“

    16/10/2026

    (Видео) Први снимки од бремената Хилари Свонк: Го очекува своето трето дете на 53 години и зрачи од среќа

    16/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е дел од самитот на ЕПП (ВИДЕО)
    Македонија

    Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е дел од самитот на ЕПП (ВИДЕО)

    18/03/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Како што вели Мицкоски, на Самитот ќе се разговара за економската перспектива на европскиот континент, за глобалните предизвици, за војната во Украина, како и за војната во Заливот. Но, посебен интерес за македонската делегација, посочува, е разговорот околу проширувањето на ЕУ, како и постигнувањата и реформите што изминатите месеци ги направи Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

    „Два дена сме овде во Брисел да ја одбележиме 50 годишнината од формирањето на Европската народна партија, најголемата политичка сила во демократска Европа, чиј нераскинлив дел претставува и ВМРО-ДПМНЕ, најголемата политичка партија во Македонија. Овие два дена, покрај официјалната прослава ќе имаме и Самит на лидери, на претседатели на политички партии, кои се дел од семејството на Европската народна партија, ќе разговараме за економската перспектива на европскиот континент, се разбира ќе разговараме за глобалните предизвици, војната во Украина, војната во заливот, во Иран, но исто така ќе зборуваме и за зголемување на компетитивноста. Она што е наша цел и што претставува наш посебен интерес, е разговорот околу проширувањето на самата ЕУ, но и сите оние постигнувања и реформи што изминатите месеци како ВМРО-ДПМНЕ, односно како Влада ги направивме“, истакнува Мицкоски.

    Со него во Брисел се и партискиот генерален секретар, Драган Ковачки, како и членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски.

    Мицкоски на маргините на Конгресот на Европската народна партија оствари средба со хрватскиот колега, Андреј Пленковиќ. Преку својот фејсбук профил информираше дека регионалната соработка и европската перспектива биле во фокусот на разговорите.

    Поврзани вести

    Лани евидентирани 115 лица со мултиплекс склероза, 1.800 активно се лекуваат на клиника

    16/10/2026

    Ново големо ажурирање на „Where Winds Meet“ со нова зона наречена „Qinzhou“

    16/10/2026

    Млад жител на тетовско осомничен за сајбер измами, продажба на украдени податоци и детска порнографија

    15/10/2026
    АКТУЕЛНО

    Лани евидентирани 115 лица со мултиплекс склероза, 1.800 активно се лекуваат на клиника

    16/10/2026

    Ново големо ажурирање на „Where Winds Meet“ со нова зона наречена „Qinzhou“

    16/10/2026

    (Видео) Први снимки од бремената Хилари Свонк: Го очекува своето трето дете на 53 години и зрачи од среќа

    16/10/2026

    (Видео) Меси се почести луксузна јахта – погледнете како изгледа

    16/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Директорот на „Градски паркинг“ во Тетово обвинениет за злоупотреба, користел службено возило во Гостивар, побарано е негово разрешување

    Повредата на Нејмар излезе посериозна од очекувањата

    Стартуваат обуките за граѓаните кои имаат „Б“ возачка дозвола, а сакаат да управуваат и мотоцикл

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.