Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Екологистите ѝ дадоа рок на Владата до крајот на месецот да ги поништи концесиите за рудникот Иловица-Штука

    26/09/2026

    Одличната соработка меѓу ОН и Македонија, средба Мицкоски – Гутереш

    26/09/2026

    Мицкоски од ОН: Mала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили

    26/09/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Пет лица ќе одговараат кривично за злоупотреба на државните стокови резерви
    Македонија

    Пет лица ќе одговараат кривично за злоупотреба на државните стокови резерви

    25/11/20252 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Основното јавно обвинителство Скопје денеска информираше дека е поведена постапка против пет лица поради основано сомневање дека се соизвршители на кривично дело, злоупотреба на службената положба и овластување и дека го оштетиле државниот буџет за над 700.000 евра.

    Како што информираат од Обвинителството, осомничените иако биле должни да ја известат Владата за фактичката состојба во Јавното претпријатие за берзанско работење „Агро берза“ дека има неоснован кусок на меркантилна пченица и јачмен во периодот од 2019 до 2021 година, тие доставиле неточни податоци и информации и го прекршиле Законот за стоковите резерви.

    Еден од осомничените, надворешен соработник, вешто лице ангажирано преку Бирото за процена постапил спротивно на одредбите од Законот за процена и спротивно на договорот за услуга изготвил вешт наод во кој внел невистинити податоци, не земајќи ги предвид сите податоци и целокупната документација од Агенција за стокови резерви Скопје и ЈП „Агро берза“. Вештиот наод бил приложен кон информацијата до Владата и истата била прифатена од страна на Владата, при што Агенцијата за стокови резерви Скопје била задолжена да изврши отпис на 1.500 тони меркантилна пченица и 500 тони јачмен за сточна храна, во вкупна вредност од 473.365 евра, кои во моментот на отписот во 2022 година, вределе 780.487 евра.

    Имајќи предвид дека станува збор за дело кое се гони во скратена постапка, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерки на претпазливост – одземање на патна исправа и јавување во суд за сите осомничени.

    Поврзани вести

    Екологистите ѝ дадоа рок на Владата до крајот на месецот да ги поништи концесиите за рудникот Иловица-Штука

    26/09/2026

    Безбеден град се проширува во Охрид, Струга, Кичево и Дебар

    25/09/2026

    Нема лекарска грешка во лекувањето на родилката од Струмица, утврди стручната комисија

    24/09/2026
    АКТУЕЛНО

    Екологистите ѝ дадоа рок на Владата до крајот на месецот да ги поништи концесиите за рудникот Иловица-Штука

    26/09/2026

    Одличната соработка меѓу ОН и Македонија, средба Мицкоски – Гутереш

    26/09/2026

    Мицкоски од ОН: Mала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили

    26/09/2026

    Целерот е поздрав отколку што мислите: Еве зошто треба да го вклучите во вашата секојдневна исхрана

    25/09/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    СДСМ му врати на Димитриевски, време е граѓаните да ја испорачаат сметката за предавството на партијата

    Девет мали навики кои ќе ви помогнат полесно да ослабете

    „Без кралеви“: Протестите против политиките на Трамп се шират низ САД

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.