Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Во Собранието денеска се изменети 40 закони и донесена е Стратегијата за безбедност на сообраќајот 2026-2030

    03/09/2026

    Градот Скопје и осум општини добија 49 нови комунални возила

    03/09/2026

    Околу 20 милиони деца на возраст до 17 години биле изложени на барем една форма на сексуална злоупотреба со помош на технологија

    03/09/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Култура»Промоција на збирката раскази „Наназад“ од Стефан Алијевиќ
    Култура

    Промоција на збирката раскази „Наназад“ од Стефан Алијевиќ

    13/11/20252 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    В петок ќе се одржи промоцијата на втората збирка раскази на Стефан Алијевиќ, „Наназад“ во издание на издавачката куќа Илика. Настанот ќе започне во 20:00 часот, во КСП Центар-Јадро, а промоторки на книгата ќе бидат Румена Бужаровска и Јана Медиќ. По промоцијата, организаторите покануваат на афтер-промо забава во кафе-бар „Љубов“ со DJ Ginger.

    Прозата на Алијевиќ се поигрува со границите на автофиктивното и фиктивното писмо. Се движи низ состојбите на сонот и реалноста, сеќавањето и заборавот, интимното и политичкото. Неговите раскази се повеќеслојни, хибридни и во жанровска и во значенска смисла, и можат да се разгледуваат низ повеќе призми, меѓу нив и ангажираните квир, еколошки и феминистички перспективи, но во ниту една не можеме да кажеме дека овој автор целосно припаѓа.

    Петар Андоновски за книгата пишува: „Кај Алијевиќ ништо не е под тепих, сè е на површина и сè е видливо. Расказите од „Наназад“ се рибина коска во грлото на општеството“. Оваа збирка раскази служи како книжевен документ, запис од едно бурно време на лични и колективни промени. Книгава нè носи назад во времето, нурнува низ авторовото детство, но не застанува таму, туку постојано трага по излезот кон подобра иднина.

    Стефан Алијевиќ (Гевгелија, 1991) завршил студии на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на катедрите по Општа и компаративна книжевност и Англиски јазик и книжевност. Во 2022 година ја објавува својата прва книга раскази, „Вечерен автобус“, за која во 2023 ја добива регионалната награда „Штефица Цвек“ за најдобра ангажирана феминистичка и квир книжевност. Раскази од Стефан се објавени во повеќе книжевни списанија, антологии и книги во земјава. Алијевиќ е преведуван на хрватски, српски и на албански јазик.

    Поврзани вести

    Љутков-Раев: Во наредниот период треба да се пристапи кон реализација на конкретни проекти и активности кои ќе придонесат за унапредување на културната размена

    10/07/2026

    На 12 јули започнува 66. „Охридско лето“

    10/07/2026

    Изложба на Роберт Цветковски и Архикс Студио во КИЦ Белград

    10/07/2026
    АКТУЕЛНО

    Во Собранието денеска се изменети 40 закони и донесена е Стратегијата за безбедност на сообраќајот 2026-2030

    03/09/2026

    Градот Скопје и осум општини добија 49 нови комунални возила

    03/09/2026

    Околу 20 милиони деца на возраст до 17 години биле изложени на барем една форма на сексуална злоупотреба со помош на технологија

    03/09/2026

    Голема акција на МВР за сузбивање на финансиски криминал, претреси на повеќе локации

    03/09/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Интервентен тим ќе се грижи за повредени диви животни, се бараат пари да се направи и прифатен центар

    Руски напад врз украинско пристаниште на Дунав

    (Видео) „Има 53 години, каква кралица!“: Северина направи три ѕвезди во штикли

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.