Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Граѓаните на Србија излегуваат на избори, студентското движење во обид да го собори популистот Вучиќ

    25/10/2026

    Семејни врски, бизниси и милиони оспорени евра, што се крие зад студијата за јавно-приватно партнерство за објектот на Општина Тетово?

    24/10/2026

    УЈП апелира граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

    24/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Регион»Хрка: Нема да го прекинам штрајкот со глад додека институциите не почнат да си ја вршат работата
    Регион

    Хрка: Нема да го прекинам штрајкот со глад додека институциите не почнат да си ја вршат работата

    10/11/20251 Min Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Дијана Хрка, мајката на Стефан, една од 16-те жртви на падот на надстрешницата на Железничката станица во Нови Сад, веќе деветти ден штрајкува со глад кај „Ќациленд“, a во изјава за „Н1“ кажа дека се чувствува малку изнемоштено.

    Како што објавува медиумот, утрово ја прегледал и лекар, а како што додава, ја очекуваат уште неколку прегледи.

    Хрка нагласи дека утрово кон нејзиниот шатор бил фрлен „топовски удар“ и порача дека нема да го прекине штрајкот со глад додека институциите не почнат да си ја вршат работата.

    „Само сакам да ја прашам полицијата, од каде на ‘ќаците’ топовски удар? Дали сакаат да ме исплашат? Што сакаат тие?“, праша Хрка револтирано.

    Таа додаде дека собраните во „Ќациленд“ секоја вечер добиваат дневници и порача дека топовскиот удар „ја прелеал чашата“.

    „Од утрово никој не реагираше на овој топовски удар. Тие велат дека студентите се лоши, а студентите се златни“, изјави Хрка.

    Дијана Хрка го започна штрајкот со глад на 2 ноември, ден по комеморативниот собир по повод годишнината од падот на надстрешницата. Мајката на Стефан Хрка бара процесуирање на одговорните за трагедијата, пуштање на слобода на сите притворени студенти и распишување вонредни парламентарни избори.

    Поврзани вести

    Граѓаните на Србија излегуваат на избори, студентското движење во обид да го собори популистот Вучиќ

    25/10/2026

    Масовен собир во Белград на завршниот митинг на Студентската листа

    23/10/2026

    Во тек се големи апсења во Нови Сад и Краљево за наводни планирања на немири на денот на изборите во Србија

    21/10/2026
    АКТУЕЛНО

    Граѓаните на Србија излегуваат на избори, студентското движење во обид да го собори популистот Вучиќ

    25/10/2026

    Семејни врски, бизниси и милиони оспорени евра, што се крие зад студијата за јавно-приватно партнерство за објектот на Општина Тетово?

    24/10/2026

    УЈП апелира граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

    24/10/2026

    Во домот „Стив Наумов“ се пушело во собите и се корнеле радијатори, велат од МОН

    24/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Делницата Извор-Врбјани од најскапиот автопат во државата ќе биде готова во септември

    Concert Shows Will Stream on Netflix, Amazon and Hulu this Year

    Mуцунски во Виена на Министерски состанок на ОБСЕ

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.