Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Башкими vs Работнички: Дуел на кој ќе се „лечат рани“!

    08/11/2025

    Бомба од Италија: Левандовски и Модриќ заедно во Милан?

    08/11/2025

    Јавниот превоз ќе се зајакне со 55 автобуси од приватниците, дел од нив сѐ уште се со странски таблички

    08/11/2025
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Demos
    • Tech
    • Gadgets
    • Buy Now
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Јавниот превоз ќе се зајакне со 55 автобуси од приватниците, дел од нив сѐ уште се со странски таблички
    Македонија

    Јавниот превоз ќе се зајакне со 55 автобуси од приватниците, дел од нив сѐ уште се со странски таблички

    08/11/20253 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Педесет и пет нови автобуси од приватни превозници  од понеделник ќе влезат во автобускиот превоз на Скопје, а до крајот на годината тој број ќе се зголеми за уште 20, најави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Иако е нејасно дали институциите ќе стигнат на време да ги поминат сите законски процедури, Ѓорѓиевски вчера ги промовираше автобусите, од кои повеќето сè уште се со странски таблички. Во следниот период тие ќе треба да го поминат процесот на увоз и регистрација и да ги добијат потребните лиценци за да се вклучат во сообраќај. Ѓорѓиевски не прецизираше дали има потпишано договор со приватниците и кога Советот ќе донесе одлука за тие да можат легално да возат, но рече дека на многу приватни превозници во изминатиот период не им биле потпишувани лиценците, што наводно е причината зошто граѓаните мораа да чекаат со часови на постојките.

    „На секоја линија имаше недостаток на возила, а чекањето на станиците често беше и долго и  неизвесно. Тие аномалии ќе се надминат. Дел од линиите ќе бидат комбинирани со автобуси од ЈСП, а дел ќе преземат само приватните“, рече Ѓорѓиевски и најави дека на почетокот на идната година ќе стигнат и нови 80 автобуси од владата.

    „Дополнитено ќе се провери и возниот ред, кој не е променет со години и не соодвествува на потребите на граѓаните. Има линии што ќе се сменат, некои ќе се дополнат, а некаде ќе се намали бројот на возила“, посочи тој и додаде дека очекува институциите да испитаат зошто голем број нови автобуси на ЈСП биле расклопувани за резервни делови.

    Јовица Зафировски, претставник на приватните превозници истакна дека тие се важен дел од превозот во Скопје.

    „Имаме еколошки автобuси кои можат да одговорат на потребите. Ја почнуваме соработка со градоначалникот Ѓорѓиевски, воведуваме дополнителни автобуси, а ќе работиме и на промена на возниот ред за да се одговори на потребите на граѓаните, кој ќе се почитува, а граѓаните ќе можат да сметаат дека автобусите ќе сообраќаат онака како што ќе пишува на таблите“, рече Зафировски. Тој посочи дека долгот на Градот Скопје кон приватниците изнесува над 170 милиони денари.

    Фото: Мета. мк

    Ѓорѓиевски рече дека Градот Скопје има 40 милиони денари на сметка, а јавните претпријатија имаат и сериозни долгови, но дека ќе направи напор редовно да ги исплатува обврските кон приватниците. Паралелно, рече ќе се прават и ревизии како и за што се потрошени парите од буџетот.

    До денеска новиот градоначалник од работа отстранил 398 лица, а вели бројката веројатно ќе оди и до 500, кои најави дека ќе ги објави со име и преиме. За нив, посочува, годишно се одвојувале и по 5 милиони евра за плати, а тие не доаѓале на работа или пак, ја злоупотребувале положбата и правеле криминал. Најголем дел од избрканите, 170, се од јавните претпријатија Паркови и зеленило и Комунална хигиена, а од другите претпријатија бројката е помала. Меѓу избрканите има и работници и раководители.

    „Комунална хигиена вчера имаше 16 камиони, а денеска се оспособени 40. до пред некој ден немаше ниту една метлачка, а сега има 8“, вели Ѓорѓиевски.

    Тој најави дека инспекторите ќе вршат засилени контроли низ општините, а ако им се појавуваат нови диви депонии ќе бидат и тие казнувани.

    Поврзани вести

    Радовишанка лажно пријавила дека има бомба во училиштето „Крсте Петков Мисирков“

    07/11/2025

    Шест лица загинаа во сообраќајки за четири дена, МВР апелира да се вози совесно

    07/11/2025

    Комуналните камиони направија светлечко шоу, па заминаа да го чистат Скопје

    07/11/2025
    АКТУЕЛНО
    8.5

    Apple Planning Big Mac Redesign and Half-Sized Old Mac

    05/01/2021

    Autonomous Driving Startup Attracts Chinese Investor

    05/01/2021

    Onboard Cameras Allow Disabled Quadcopters to Fly

    05/01/2021
    Најчитани
    9.1

    Review: T-Mobile Winning 5G Race Around the World

    8.9

    Samsung Galaxy S21 Ultra Review: the New King of Android Phones

    8.9

    Xiaomi Mi 10: New Variant with Snapdragon 870 Review

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Home
    • Tech
    • Gadgets
    • Mobiles
    • Buy Now
    © 2025 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.