Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Во моментов има 20 активни пожари во земјава, критичен е пожарот кај селата Баница и Водоча

    22/08/2026

    Реакција на Тирана откако на фестивал во Пустец не беше интонирана албанската химна

    22/08/2026

    Западно-нилската треска однесе уште еден живот, петта жртва е 73-годишно лице од Аеродром

    22/08/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Регион»Кликс: Зошто лицата со деменција и рак биле сместени на високите катови во пензионерскиот дом во Тузла?
    Регион

    Кликс: Зошто лицата со деменција и рак биле сместени на високите катови во пензионерскиот дом во Тузла?

    05/11/20252 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Најмалку единаесет лица загинаа во големиот пожар што избувна во пензионерскиот дом во Тузла. Застрашувачки е фактот што на катовите каде што избувнал пожарот престојувале лица со деменција и рак, пишува Кликс.

    Јавноста уште во првите часови по пожарот го поставуваше прашањето чија била одлуката постарите лица со деменција или карцином да бидат сместени во апартмани на петтиот, шестиот или седмиот кат од зградата.

    Корисниците на домот и нивните семејства, како и одредени политичари во Тузла, со години предупредувале на лошите услови во Домот за пензионери, но надлежните останале глуви на нивните апели и предупредувања.

    И покрај предупредувањата за лошите услови, управата предводена од директорот Мирсад Бакаловиќ (СДП) во јануари донела одлука за зголемување на цената на сместувањето за дури 30 проценти.

    Пред неполни два месеца, советничка во Градското собрание на Тузла, Драгана Гагро Берберовиќ, објавила видео за условите во кои престојуваат пензионерите во домот во Тузла. Објавеното видео и фотографиите ја алармирале јавноста, а раководството на Домот за пензионери покренало постапка против Гагро Берберовиќ.

    „Управата имаше повеќе од доволно време да ја подобри состојбата и така да не дозволи повиците за достоинствен живот да одат кон политичарите и целата јавност“, предупреди тогаш „Наша странка“.

    Тогаш истакнаа дека неуреденост, лош квалитет на храната, мобинг, навреди, незадоволство на корисниците не се медиумска сензација, туку прашања на достоинство и човекови права.

    Одговорните и надлежните на Домот за пензионери ќе мора на јавноста да и ги објаснат одлуките за начинот на сместување на корисниците на оваа установа, но и лошите услови. Истражната постапка ќе покаже што го предизвикало пожарот.

    Поврзани вести

    Хрватска најавува построги казни за екоцид

    20/08/2026

    Почина хрватската писателка и колумнистка Ведрана Рудан

    18/08/2026

    Нови пожари во Хрватска, загина жена од Босна и Херцеговина, а десетици се повредени

    15/08/2026
    АКТУЕЛНО

    Во моментов има 20 активни пожари во земјава, критичен е пожарот кај селата Баница и Водоча

    22/08/2026

    Реакција на Тирана откако на фестивал во Пустец не беше интонирана албанската химна

    22/08/2026

    Западно-нилската треска однесе уште еден живот, петта жртва е 73-годишно лице од Аеродром

    22/08/2026

    Ставена во функција апликацијата „Безбеден град“ за странските возила

    21/08/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Нејмар постигна гол и го повтори контроверзниот танц на Винисиус (ВИДЕО)

    „Без кралеви“: Протестите против политиките на Трамп се шират низ САД

    Гаши: Најавената реконструкција на Владата, не се поврзува со процесите во Вреди

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.