Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Земјоделките немаат породилно отсуство, осигурување и финансиска сигурност

    17/10/2026

    40 години по катастрофата во Чернобил: радиоактивните честички се многу постабилни отколку што се мислеше

    17/10/2026

    Ѕвездата на „Шерлок“ тајно се ожени со 21 година помладата партнерка

    16/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Мицкоски: Развојот на економијата мора да се темели на инвестиции во енергетиката
    Македонија

    Мицкоски: Развојот на економијата мора да се темели на инвестиции во енергетиката

    21/01/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    „Во годините коишто следат, потребата од енергија во светот ќе расте, а два ипол пати побргу ќе расте потребата од електрична енергија. Ние во Македонија не смееме да бидеме нем набљудувач, туку треба да бидеме активен чинител и активен учесник“, рече премиерот Христијан Мицкоски, кој во Давос учествуваше на панел дијалог за инвестиции и нови порти за развој, заедно со американскиот секретар за енергетика, Крис Рајт.

    Мицкоски посочи дека повторно ќе треба да се рестартираат енергетските проекти од минатото како што се Чебрен и Галиште, Бошков Мост и останатите, и да се понуди потенцијалот за инвестиции во обновливи извори на енергија на инвеститорите коишто покажале интерес во дискусиите после завршувањето на панелот.
    Премиерот истакна дека во следните десет години, производните капацитети коишто треба да бидат изградени во светот ќе треба да произведат вкупно 40.000 терават-часови електрична енергија, или пет ипол илјади пати повеќе отколку што денеска Македонија троши, односно онолку колку што денеска САД, Канада, ЕУ и Јапонија заедно трошат. Енергијата е неопходна за развојот на човештвото кој ќе опфаќа развој на вештачка интелигенција, а со тоа и центрите за податоци.
    „Ние како држава треба тој чекор да го следиме и во таа насока да ја развиваме нашата економија. Од економија којашто се темелеше на развој на автомобилската индустрија, да го диверзифицираме своето портфолио и да бидеме значаен чинител имајќи ги предвид перформансите и потенцијалот коишто го нудиме во дел и секторот на енергетика. Јас сум убеден дека тоа како држава можеме да го направиме,“ рече Мицкоски.

    Поврзани вести

    Земјоделките немаат породилно отсуство, осигурување и финансиска сигурност

    17/10/2026

    Лани евидентирани 115 лица со мултиплекс склероза, 1.800 активно се лекуваат на клиника

    16/10/2026

    Ново големо ажурирање на „Where Winds Meet“ со нова зона наречена „Qinzhou“

    16/10/2026
    АКТУЕЛНО

    Земјоделките немаат породилно отсуство, осигурување и финансиска сигурност

    17/10/2026

    40 години по катастрофата во Чернобил: радиоактивните честички се многу постабилни отколку што се мислеше

    17/10/2026

    Ѕвездата на „Шерлок“ тајно се ожени со 21 година помладата партнерка

    16/10/2026

    Кендал Џенер проговори за својата сексуалност: Можеби ќе ми беше полесно да сум хомосексуалка, мажите се ужасни

    16/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Растодер повторно погоди, Тун оди кон титулата

    Јозиновиќ го распродаде својот 9-ти концерт во Сава Центар, се наоѓа веднаш зад Лепа Брена и Здравко Чолиќ

    Изложба на Лудовико Елиа Персич и Ана Трајковска „Идентитески паралели“ во КИЦ -Скопје

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.