Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Фото) Чоколадно-кафеавата боја доби конкуренција: еве ја бојата што ќе ја носиме оваа есен

    25/09/2026

    8 јасни знаци кои откриваат луѓе со ниска интелигенција

    25/09/2026

    Муцунски-Пирс во Њујорк: Во фокусот регионалната безбедност, реформите и европската перспектива

    24/09/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»АВМУ: Медиумите, генерално, известуваа неутрално за учесниците во локалните избори
    Македонија

    АВМУ: Медиумите, генерално, известуваа неутрално за учесниците во локалните избори

    04/11/20252 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    За време на изборната кампања во првиот круг од локалните избори не беа констатирани прекршувања на Изборниот законик од страна на радиодифузерите. Прекршувања беа констатирани само за време на изборниот молк од страна на 4 радиодифузери, а во однос на балансот во дневноинформативните емисии, сите анализирани медиуми генерално известуваа неутрално за учесниците во изборите, стои во Извештајот од изборното медиумско претставување во првиот круг од Локалните избори 2025 година, за периодот од 29 септември до 17 октомври 2025 година на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

    Мониторингот опфати 11 национални програмски сервиси – МРТ 1; МРТ 2; Собранискиот Канал на МРТ; ТВ Алсат-М; ТВ Алфа; ТВ Канал 5; ТВ Сител; ТВ Телма; ТВ 24 Вести; ТВ Компани 21-М и ТВ Шења при што фокусот на анализата беше ставен врз облиците на изборно медиумско претставување. За другите програмски сервиси се постапуваше врз основа на претставки.

    Извештајот констатира дека, со оглад на тоа дека на локалните избори, имаше дури 153 учесници во изборите, се покажа дека станува се потешко, па дури и невозможно, целосно да се исполнат принципите на еднаквост и пропорционалност во известувањето зашто и времето во вестите е ограничено, и техничките и кадровските капацитети, дури и на најголемите телевизиски куќи не се толку големи за медиумски да ги покријат сите кандидати.

    Десет телевизиски програмски сервиси емитуваа интервјуа со учесниците во изборната кампања. ТВ Алсат-М и ТВ Сител интервјуата ги емитуваа во дневноинформативните емисии, со тоа што Сител, освен 10-те интервјуа на изборни теми во вестите, емитуваше и 13 интервјуа во други емисии. Најмногу интервјуа емитуваа ТВ Алсат-М, вкупно 30, ТВ Алфа, 29, МРТ 1, 28, ТВ Сител, 23, ТВ Телма, 15, ТВ Шења, 13 и ТВ 24 Вести, 12. Освен ТВ Сител, сите други анализирани телевизии емитуваа дебати. Најмногу дебати имаше на ТВ 24 Вести и на ТВ Телма по 24, по што следуваат МРТ 1, 17, ТВ Канал 5, 13 и МРТ 2, 11.

    Јавниот радиодифузен сервис и националните телевизии што емитуваа платено политичко рекламирање, ја исполнија законската обврска да информираат на начин прилагоден за лицата со сетилна попреченост преку – едно издание на вестите секој ден и едно издание на актуелноинформативна емисија неделно. МРТ 1, МРТ 2 и Собранискиот сервис ја исполнија обврската од Изборниот законик и на кандидатите им понудија можност за бесплатно политичко претставување.

    Поврзани вести

    Нема лекарска грешка во лекувањето на родилката од Струмица, утврди стручната комисија

    24/09/2026

    Левица ќе побара да се укине платеното политичко рекламирање за време на избори

    24/09/2026

    Уставен не поведе постапка по иницијативата на Левица за државното финансирање на партиите

    24/09/2026
    АКТУЕЛНО

    (Фото) Чоколадно-кафеавата боја доби конкуренција: еве ја бојата што ќе ја носиме оваа есен

    25/09/2026

    8 јасни знаци кои откриваат луѓе со ниска интелигенција

    25/09/2026

    Муцунски-Пирс во Њујорк: Во фокусот регионалната безбедност, реформите и европската перспектива

    24/09/2026

    Вајц: Ако граѓаните не веруваат дека правдата важи за сите, младите ќе ја напуштаат земјата

    24/09/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Измените на кривичниот закон до Нова година ќе влезат во Собрание, но нема да се случи општа амнестија, порача Мицкоски

    Од 1 до 20 јануари: Меркур носи позитивни промени за три хороскопски знаци

    Ливерпул пронајде поевтина замена за Исак

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.