„Денес е ден на демократијата. Македонските граѓани ќе можат да го остварат своето право на глас во рамки на мирни, фер и демократски избори“, рече Тошковски.
Тој информираше дека гласањето е започнато на сите избирачки места, вклучително и во едно мало село во општина Прилеп каде што имало кратко доцнење.
Во врска со изборниот молк, Тошковски посочи дека вчера биле евидентирани четири настани со потенцијални прекршувања, за кои се преземаат соодветни истражни дејствија.
„Очекувам денот да продолжи во мирна и демократска атмосфера и ги повикувам сите граѓани да го искористат своето право на глас и да ја дефинираат иднината на своите локални заедници“, порача министерот.
The post Тошковски: Над 90% од капацитетите на МВР се ангажирани за изборниот процес appeared first on МКД.МК.