Денеска продолжува осмото коло од новиот ПМФЛ шампионат, и на програмата е веројатно најинтересниот дуел од оваа етапа. Во Куманово кај забревтаниот и разигран есенва Башкими доаѓа Вардар, екипа која што самата по себе предизвикува инспирација, волја и желба за надигрување.
Башкими е изненадувањето сезонава. Тука нема дилеми. Во Куманово поминаа неколку екипи сезонава, но никој не се наигра кај новиот прволигаш. Сепак за „црвено-црните“ ова не е ништо ново, бидејќи тие се инспирација за секој противник.